Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Зголемување на платите за пет отсто ќе добијат и другите кадри во образовниот систем
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Зголемување на платите за пет отсто ќе добијат и другите кадри во образовниот систем
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Зголемување на платите за пет отсто ќе добијат и другите кадри во образовниот систем

Објавено October 13, 2024 16:44
Сподели
Сподели

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска, посочи дека освен наставниците и професорите, покачување од пет проценти ќе добие и другиот кадар во образовниот систем.

Во изјава за МИА, Јаневска вели дека постигнатата спогодба за покачување е оптимална и е направена врз основа на можностите на Буџетот, бидејќи, како што рече, претходната власт го оставила Буџетот во крајно незавидна состојба.

И другиот кадар во образовниот систем ќе добие зголемување од пет проценти. Постигнавме спогодба, која всушност Буџетот во овој момент ја овозможува, тоа беше оптимална спогодба, затоа што повеќе пати кажавме дека Буџетот кој ни го остави претходната власт беше во крајно незавидна состојба. Искрено се надевам дека наставниците и останатиот персонал во училиштето ќе биде задоволен од заложбите кои ги направивме, затоа што тоа беа сериозни напори, рече Јаневска.

Она што е важно, додаде, е дека со договорот се обезбедува континуиран раст на платите на наставниците и останатиот персонал, а истиот ќе биде дел од Колективниот договор кој треба да се потпише во февруари.

Во овој наш договор, всушност, зборуваме за повеќегодишен договор во кој се обезбедува континуирано покачување на платите на наставниците и останатиот персонал, кое е во времетраење од четири години, и ќе биде дел од Колективниот договор, кој ќе го потпишеме во февруари. Останува уште да се заблагодарам на премиерот и на министерката за финансии, кои направија сериозни напори за да можеме ова да го оствариме. На наставниците им пожелувам со здравје да си ги трошат средствата кои ќе ги добијат со октомвриската плата, рече министерката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дачиќ повторно му запеа „на увце“ на Ердоган- ја испеа истата песна како во 2017. (ВИДЕО)
Следна Статија Мицкоски патува за Берлин на состанок на Берлинскиот процес

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Нема радијациско зрачење од пожарот во Трубарево кој е локализиран

Пожарот во Трубарево е локализиран, нема опасност за негово проширување, но се уште е активен. За да се елиминира опасноста…

September 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за лагите на СДСМ: Нема мигранти, но ќе има брза пруга

Се потврди дека се невистина тврдењата на СДСМ, затоа што нема мигранти во државава, но ќе има брза пруга, рече денеска…

June 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Maкедонија и Црна Гора лидери во исполнувањето на реформските обврски кон ЕУ

Maкедонија и Црна Гора се неприкосновени лидери во исполнувањето на реформските обврски кон ЕУ, покажа најновиот извештај на Брисел. Европската…

September 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија подготвува нов пакет помош за Украина

Владата денес ќе донесе одлука за обезбедување нов пакет помош за Украина. Ова го најави министерот за одбрана Владо Мисајловски,…

November 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?