Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Maкедонија и Црна Гора лидери во исполнувањето на реформските обврски кон ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Maкедонија и Црна Гора лидери во исполнувањето на реформските обврски кон ЕУ
МАКЕДОНИЈА

Maкедонија и Црна Гора лидери во исполнувањето на реформските обврски кон ЕУ

Објавено September 5, 2025 10:26
Сподели
Сподели

Maкедонија и Црна Гора се неприкосновени лидери во исполнувањето на реформските обврски кон ЕУ, покажа најновиот извештај на Брисел. Европската комисија ги објави резултатите од Механизмот за реформи и раст за Западен Балкан, со кои се мери напредокот на земјите-кандидати кон европските фондови преку спроведување на клучни реформи. Според извештајот, Македонија досега има целосно реализирано два од петте планирани чекори до крајот на 2024 година – што претставува 40% исполнетост.

И еврокомесарката Марта Кос и нејзината колешка Калас не’ нарекоа реформски шампиони од кандидатската листа. Во наше друштво е само Црна Гора која исполнила околу 50 насто од обврските, а далеку зад двете земји следува Босна и Херцеговина.

За овој учинок, Република Македонија прва доби приближно 8,5 милиони евра од вкупно достапните средства.

Во споредба со останатите земји од регионот, Македонија стои многу подобро од некои кандидати за членство во ЕУ.

Фрапантно е што Албанија и Србија, на пример, досега не спровеле ниту еден реформски чекор – со што бележат нула проценти напредок и не добиле ниту едно евро од предвидените средства.

Реформите опфаќаат широк спектар – од реструктуирање на железничкиот сектор и зголемување на бројот на трудови инспектори, до подготовка на ново законодавство за сајбер безбедност, електронски комуникации, јавна администрација и антикорупциски механизми. Дел од обврските вклучуваат и мерки како зголемување на интернет-покриеност во училиштата, подобра регулација на судските плати и професионализација на јавните набавки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Крвава драма во Србија: Го сечеле по гениталиите и му набивале колец во устата оти ја „украл“ сопругата на едниот брат, селаните помислиле дека е мртов, тој исчезнал
Следна Статија „Влен“: ДУИ се нервозни затоа што Изет Меџити ги искорнa од Изборна единица 1

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Гаши: Да работиме заедно за посилна, поправедна и пообединета држава

Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка до сите граѓани по повод 34-годишнината од осамостојувањето на државата. Во честиката Гаши…

September 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Финални технички подготовки на системите пред почеток на тест периодот за „One Stop Shop“ на граничниот премин Блаце

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со вицепремиерот Изет Меџити и министерот за внатрешни работи на Косово Џелал Свечла…

February 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонците во Грција се најзагрозено малцинство во Европа

Грчките власти и понатаму ја негираат самата егзистенција на Македонците во земјата а македонската заедница во Грција е една од…

August 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Во Армијата постојано се зголемува бројот на жени, во МО над 50 проценти се жени на раководни позиции

Министерството за одбрана и Армијата од 2013 година покажуваат исклучителен напредок во интегрирањето на родовата компонента. Бројот на припаднички во…

October 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?