Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УЈП: Дигитализацијата во УЈП штеди време – илјадници граѓани веќе користат нови електронски услуги
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > УЈП: Дигитализацијата во УЈП штеди време – илјадници граѓани веќе користат нови електронски услуги
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Дигитализацијата во УЈП штеди време – илјадници граѓани веќе користат нови електронски услуги

Објавено August 26, 2025 18:28
Сподели
Сподели

Управата за јавни приходи континуирано ја унапредува соработката со даночните обврзници и инвестира во современи услуги што се брзи, сигурни и достапни без физичко присуство.

Во февруари годинава, УЈП ја воведе новата дигитална услуга „е-Уверение за остварен доход“, која им овозможува на граѓаните целосно електронски, бесконтактно и преку сигурна постапка да го добијат овој документ. Од нејзиното воведување досега, за само неколку месеци, се издадени 5.688 уверенија, со што е заштедено значително време како за граѓаните, така и за службениците на УЈП, а работата се одвива според најсовремени дигитални стандарди.

Покрај тоа, значително е модернизирана и услугата за издавање на „Уверение за состојба на даноци“. Со автоматизација на внатрешните процеси, во изминатите три месеци сите поднесени барања навремено се обработуваат и уверенијата се издаваат во рок од најмногу пет календарски дена, што претставува значително подобрување во споредба со претходниот период. Тоа значи дека 100% од уверенијата се издадени во законски предвидениот рок. Во следната фаза, оваа услуга ќе биде целосно дигитална и бесконтактна, овозможувајќи уште поедноставен, побрз и поефикасен пристап за граѓаните и компаниите.

„Нашата цел е јасна – даночните услуги да бидат со висок стандард, брзи, едноставни и доверливи. Сакаме граѓаните и компаниите да добиваат квалитетна услуга со само неколку клика, без непотребни процедури и без губење време. Долгорочната и стратешка определба за трансформација на УЈП е создавање „нов лик“ и „нов амбиент“ – како за даночните обврзници, така и за даночните службеници и соработниците на даночната администрација. Овие резултати покажуваат дека сме на вистинскиот пат“, изјави директорката на УЈП. Со овие конкретни резултати, УЈП уште еднаш ја потврдува својата определба за современи, ефикасни и достапни даночни услуги – во интерес на граѓаните и бизнис-заедницата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сѐ помалку луѓе се возат со автобус, регистрира статистика
Следна Статија Странски државјани приведени на „Табановце“ поради бела прашкаста материја и таблети

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

УЈП: Загрижувачка состојба во исполнување на ДДВ обврските

Управата за јавни приходи соопшти дека заклучно со 25 јули годинава евидентирана е загрижувачка состојба во однос на исполнувањето на…

July 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Српската Алта Банка ја објави намерата за целосно преземање на Стопанска банка Битола

Алта Банка АД Белград ја објави својата намера за упатување на јавна понуда за преземање на сите обични акции со…

August 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Интензивно се работи на проектот за експресниот пат за спојување на Коридорот 10 со коридорот Струма во Бугарија

По повод „Денот на Заштитниците на Струмица” министерот за транспорт, Александар Николоски денеска е во посета на Општинa Струмица. Вицепремиерот…

December 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоскa: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст

Со трговска отвореност од над 150% од БДП и извоз на стоки и услуги од над 70% од БДП, нашата…

November 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?