Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ана Курникова и Енрике Иглесијас го очекуваат четвртото дете
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Ана Курникова и Енрике Иглесијас го очекуваат четвртото дете
ЗАБАВА

Ана Курникова и Енрике Иглесијас го очекуваат четвртото дете

Објавено August 27, 2025 16:19
Сподели
Сподели

Руската спортска ѕвезда Ана Курникова (44) и шпанскиот пејач Енрике Иглесијас (50) наскоро ќе го прошират своето семејство, пренесе „HOLA!“, и тврдат дека двојката е „воодушевена“.

Според пишувањата на овој весник, многу сигурен извор близок до семејството открил дека Ана и Енрике наскоро ќе го добијат своето четврто дете и дека таа моментално е во средината од бременоста.

Полот на бебето што го носи поранешната тенисерка е непознат, а со оглед на тоа дека се познати како семејство кое не открива многу за својата приватност, веројатно нема да дознаеме уште долго време.

Ана последен пат беше видена во јавност во јули, кога беше фотографирана во Мајами како ги завршува дневните обврски, а тогаш се појавија гласини дека е бремена. Русинката тогаш носеше хеланки и малку поширок бела кошула, но се појавија шпекулации дека го криела стомакот од папараците.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anna Kournikova Iglesias (@annakournikova)

Хармоничен семеен живот на Ана Курникова и Енрике Иглесијас

Откако се повлече од тенисот, Курникова не се експонира многу а нејзиниот сопруг се појавува во јавност само за работи поврзани со неговата работа. Двојката веќе има три деца: близнаците Луси и Николас (7) и ќерката Мери (5), чии фотографии понекогаш ги споделуваат на социјалните мрежи, а беа прогласени за најубави деца на познати личности во светот.

Нивната баба Изабел Прејслер, мајката на Енрике и многу популарна жена во Шпанија, минатата година даде интервју за „HOLA!“, кога истакна дека поминува време со своите внуци.

„Сега сум во „режим на одмор“, поминувам време дома со децата и уживам носејќи ги на училиште и гледајќи ги како растат… Секој ден забележувам колку брзо растат и сакам да уживам во тоа. Веќе за 24 часа пораснале“ се пошегува гордата баба.

Веста за бременоста на Ана ги израдува нејзините обожаватели, кои неодамна беа загрижени поради нејзините фотографии во инвалидска количка во Мајами.

„Не е ништо сериозно, само мала повреда на стапалото. Само мало шинување, но знаете колку може да биде болно“, изјави Изабел неодамна.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок
Следна Статија Клековски: Интерната комисија располага со потребната документација, супервизија од странските доктори ќе ја увери јавноста во објективноста

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

„Таа вечер имаше посебна енергија, чувствувавме како да е последен пат“, емотивна објава на гитаристот Горан Тонев шест месеци по трагедијата во „Пулс“

Горан Тонев, гитарист на групата „ДНК“ и еден од преживеаните од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денес преку социјалните…

September 16, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Калиопи ја завршува годината со уште едно изненадување за својата публика

2024 беше повеќе од добра и успешна година за Калиопи. На почетокот на годината, заедно со својот продуцент Ромео Грилл…

December 28, 2024
ЗАБАВА

По 12 години борба, мојот син живее со мене: Северина откри дека ја добила најважната битка досега

Хрватската пејачка Северина настапи во својот роден град Сплит. Сплиќани ја пречекаа пејачката со силен аплауз, која го започна концертот…

October 25, 2025
ЗАБАВА

Џек Николсон дефинитивно нема повторно да го гледаме на филм

Филмската легенда Џек Николсон (88) веќе долго време избегнува јавни појавувања, а последен пат беше виден на прославата по повод…

May 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?