Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок
ПОЛИТИКА

Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок

Објавено August 27, 2025 14:16
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска изјави дека во однос на коалициите, во првиот круг на локалните избори СДСМ ќе настапи со сегашната коалиција, а во однос вториот круг од изборите рече дека ќе разговараат и со другите партии во албанскиот блок.

Претседателот на СДСМ најави дека до крајот на оваа недела или на почетокот на следната ќе бидат објавени имињата на преостанатите кандидати за градоначалници за локалните избори 2025, како и дека во следниот период ќе бидат презентирани програмите на нивните кандидати.

Изрази жалење што, како што кажа, владејачката коалицијата не направила ништо да собере мнозинство во Парламентот да се изгласа Изборниот законик.

Власта не се обиде да го собере Бадинтеровото мнозинство. Ние помогнавме, го прифативме предлогот да се намали бројот на потребни потписи за пријавување на кандидатурите од 1% што го укина Уставниот суд, на 0,5%, што мислиме дека е фер и дека добро го регулира тој простор, рече Филипче.

На прашањето дали независните кандидатури може да повлечат нивни гласови на изборите, Филипче не одговори, но посочи дека лично ја поддржува волјата на независните и на граѓаните да кандидираат свои кандидати.

Сметам дека со тоа се зголемува можноста за избор на граѓаните и сметам дека треба да има кандидати. А ние, нормално, ќе се бориме со целиот наш демократски капацитет и со сите демократски инструменти за да ја добиеме довербата на граѓаните, потенцира Филипче.

СДСМ на локалните избори, според него, ќе води позитивна кампања. – Ние нема да се спуштиме на тоа ниво. Ќе водиме добра, позитивна кампања. Ќе ги промовираме нашите кандидати и нашите добри политики. Ќе бидеме генерално фокусирани на локалните теми, но ќе се задржиме и на дел од централните теми, бидејќи сметаме дека е важно луѓето да знаат за кого гласаат, истакна Филипче.

Тој кажа дека не се точни изјавите дека неговата партија заедно со ДУИ подготвува дестабилизација и хаос за локалните избори. Такво сценарио, рече Филипче, ниту има, ниту размислуваме да има. Според него, СДСМ е фокусирана на демократски механизми против власта.

Претседателот на СДСМ рече дека не се консултира со Заев за политички прашања.

Зоран Заев веќе не се занимава со политика. Моите одлуки тука политички ги градиме заедно со раководството, рече Филипче на прес-конференцијата во седиштето на партијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СЕ ОЖЕНИ ПОЗНАТИОТ МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛЕР Чурлинов скокна во грчко тавче
Следна Статија Ана Курникова и Енрике Иглесијас го очекуваат четвртото дете

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Интервју на Орце Ѓорѓиевски за МКД.мк: Мојата програма за Скопје е издржана и реална

Нема изговори и оправдувања за градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Таа го предизвика ова, но мора да знае дека таквата…

October 28, 2025
ПОЛИТИКА

Вреди: На Али Ахмети му беа потребни пет дена за да го разбере одговорот на „референдумот”

Коалицијата ВРЕДИ реагираше на денешното соопштение на Демократската унија за интеграција (ДУИ), во кое партијата побара распишување на предвремени парламентарни…

October 24, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче до Мицкоски: Ќе излезете ли и ќе кажете пред граѓаните дека потфрливте и дека ништо не исполнивте?

На собраниската седница, на која на дневен ред беше поставување пратенички прашања, Филипче го обвини премиерот затоа што по две…

June 25, 2026
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски најави поликлиника во Општина Кисела Вода

Денес сме тука да најавиме проект кој долго време беше еден од најголемите приоритети и најголемите барања на жителите на…

October 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?