Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонци меѓу уапсените во голема акција за дрога во Србија – запленети над 2,4 тони
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Македонци меѓу уапсените во голема акција за дрога во Србија – запленети над 2,4 тони
БАЛКАН

Македонци меѓу уапсените во голема акција за дрога во Србија – запленети над 2,4 тони

Објавено August 27, 2025 17:28
Сподели
Сподели

Српската полиција во координирана акција низ целата земја заплени повеќе од 2,4 тони наркотични средства и уапси голем број лица осомничени за трговија со дрога.

Најголемата заплена е извршена во Земун, каде што биле пронајдени речиси два милиони грама марихуана, скриени во торби и вреќи што осомничените ги префрлале меѓу возила. Полицијата извршила претреси и во Врање, Бор и Нови Сад, каде се откриени плантажи и лаборатории за одгледување и сушење марихуана.

Во Врање, во соработка со граничната полиција кон Северна Македонија, бил уапсен 41-годишниот А.Ѓ., кај кого биле откриени 910 растенија канабис со тежина од околу 450 килограми, како и импровизирана лабораторија и нелегално оружје. Во Бор, кај 33-годишниот И.Т. биле пронајдени кокаин, амфетамини и 24 растенија канабис.

Во Нови Сад, кај Н.Ѓ. (32) и С.А. (33) полицијата открила лабораторија со 51 растение, 115 помали стебла и сушена марихуана, додека на граничниот премин Прешево бил уапсен албански државјанин со 758 грама хероин.

Особено внимание привлече апсењето на државјанин на Северна Македонија, И.С., кој на автопатот Ниш–Лесковац превезувал 8,3 килограми кокаин скриен во автомобил „Форд“.

Во Белградската општина Палилула, пак, бил уапсен Бојан М. (45), кај кого полицијата пронашла 28 килограми марихуана, два килограми кокаин и над 81.000 евра во готово.

Српското МВР соопшти дека ова е една од најголемите акции против организирана трговија со дрога во последните години, спроведена со висок степен на координација и во соработка со македонските власти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ: Бојан Стојановски нека гласа за минимална плата од 500 евра, наместо да шири лаги за Филипче
Следна Статија Ова ќе биде најсреќниот хороскопски знак во септември

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(Видео) „Петарда“ на Англија среде Белград

Фудбалската репрезентација на Англија ја декласира Србија среде Белград со 5:0, во натпревар одигран во К групата, во квалификациите за…

September 10, 2025
СПОРТ

Почнува ЕП во кошарка, Србија главен фаворит

Со натпреварот Велика Британија – Литванија, денес 12:30 часот во Тампере, Финска ќе биде отворен Евробаскет 2025. Континенталниот кошаркарски собир…

August 27, 2025
БАЛКАН

Шестгодишно дете од Србија повредено на Халкидики: паднало во аква парк, итно е префрлено во болница во Солун

Шестгодишно момче од Србија ја повреди ногата откако падна во воден парк во Јерисос, Халкидики, објавија српските медиуми. На малолетникот…

July 23, 2025
СВЕТ

Уапсен Пакистанец: Ги држел сопругата и петте деца како затвореници повеќе од 10 години

Пакистанската полиција уапсила маж осомничен дека повеќе од десет години ја држел во заробеништво својата сопруга, француска државјанка, заедно со…

June 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?