Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Османи: ВМРО-ДПМНЕ преку приватни канали праќа пораки до ДУИ за затоплување на односите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Османи: ВМРО-ДПМНЕ преку приватни канали праќа пораки до ДУИ за затоплување на односите
ПОЛИТИКА

Османи: ВМРО-ДПМНЕ преку приватни канали праќа пораки до ДУИ за затоплување на односите

Објавено August 28, 2025 16:11
Сподели
Сподели

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Бијар Османи денеска изјави дека од владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку приватни канали добиваат пораки за затоплување на односите.

Османи ова го кажа прашан за коментар на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска од Битола рече дека опозицијата ќе загуби на локалните избори во сите општини и порача дека очекува од ДУИ да биде конструктивна опозиција во однос на Бадентеровото мнозинство, особено кога станува збор за измените на Изборниот законик.

Коментирајќи ја изјавата на премиерот, Османи рече дека во јавноста тој дава едни пораки, додека преку приватни канали од ВМРО-ДПМНЕ до ДУИ стигнуваат други за затоплување на односите меѓу двете партии, во насока на влез на ова партија во Владата.

„Премиерот во јавноста дава такви пораки сметајќи дека така ќе им помогне на коалициските партнери, но не пушта такви пораки преку приватните канали. Други пораки се праќаат до ДУИ за да се затоплат односите. Меѓутоа нашиот став ние го кажавме, ДУИ нема да прави пазар за влегување во Влада, излези еден, влези друг“,рече Османи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Снаа пукала на свадба во Турција и го убила младоженецот
Следна Статија Како Османи во бел лист хартија пред ВМРО-ДПМНЕ молеше да остане во владата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста на граѓаните

„Другарството на Венко Филипче и Али Ахмети се покажа како нераскинливо кога имаат заеднички интерес, а во петокот покажаа дека…

January 25, 2026
ПОЛИТИКА

Фрчкоски смета дека СДСМ е мета на пропаганда од медиуми, а дека Жан Митрев бил „искористен“

Јон Фрчкоски, член на ИК на СДСМ денеска обвини дека медиуми, по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ шират пропаганда за неговата партија.…

January 20, 2026
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Дали Филипче ја подготвувал продажбата со зголемување на буџетот на Клиничката болница Жан Митрев?

Случајот со Клиничката болница Жан Митрев, во кој сегашниот претседател на СДС, Венко Филипче, а за време на владата предводена…

January 22, 2026
ПОЛИТИКА

Проф. Марковски со маска на диносаурус: „Ќе изумреме како диносаурусите, ако не се справиме со загадувањето“

„Ќе изумреме како диносаурусите, ако не се справиме со загадувањето“, порача денеска кандидатот за градоначалник на Скопје од граѓанската платформа…

September 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?