Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Првпат по десет години, три милиони невработени во Германија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Првпат по десет години, три милиони невработени во Германија
ЕКОНОМИЈА

Првпат по десет години, три милиони невработени во Германија

Објавено August 29, 2025 17:37
Сподели
Сподели

Бројот на невработени во Германија во август се искачи за 46.000 на 3,025 милиони, објави денеска (29.08) Сојузната агенција за вработување. Последен пат бројка од над три милиони (3,017 милиони) невработени имаше во февруари 2015 година. Стапката на невработеност моментално се зголеми за 0,1 проценти на 6,4%. „Поради летниот распуст, невработеноста се искачи на над три милиони“, објаснува раководителката на Агенцијата за вработување, Андреа Налес. Поради летните одмори, многу компании ги одложуваат новите вработувања за крајот на летото, објави Дојче Веле. 

Пазарот на труд и натаму е погоден од економскиот пад во последните години, нагласува Налес: „Сè уште сме во средината на дното. Сè уште не сме излезени оттаму“.

Сепак, постојат и почетни знаци на стабилизација, „иако суптилни“. Работењето со скратено работно време останува на зголемено ниво, но постојано се намалува по малку од почетокот на годината. Се очекува вообичаеното есенско закрепнување да започне во септември и да доведе до намалување на невработеноста, вели Налес. Но, без засилен конјунктурен ветер, може да се случи „во зима повторно да ја надминеме границата од три милиони“.

Налес зборува за поделен пазар на труд. Додека сектори како здравство, нега и јавни услуги вработуваат, ситуацијата во производството е потешка: „Таму слабееме“, оценува Налес.

Позитивно изненадување беше тоа што бројот на невработени, прилагоден за сезонските флуктуации, беше за 9.000 помал во август отколку во јули. Аналитичарите очекуваа зголемување од 10.000. Сепак, во споредба со истиот месец минатата година, бројот на луѓе без работа во август е поголем за 153.000.

Канцеларот Фридрих Мерц нагласува дека зголемувањето на невработеноста не е неочекувано. „Сепак, бројката покажува колку се неопходни реформите за поголем раст и вработување“, објасни Мерц на маргините на денешната германско-француска министерска средба во Франција.

По две последователни години рецесија, економијата сè уште не е опоравена – оваа пролет брутодомашниот производ се намали за 0,3 проценти. Во криза е особено индустријата. Компаниите стенкаат под товарот на високите трошоци за енергија, додека истовремено агресивната царинска политика на американскиот претседател Доналд Трамп ѝ штети на надворешната трговија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Индустриското производство во јули зголемено за 4.1 процент на годишно ниво
Следна Статија АНБ доставиле три известувања до Обвинителство за еден поранешен директор и група вработени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Во целост исплатена Еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра

Министерството за финансии денеска изврши исплата на 327,9 милиони евра (316,3 милиони евра за главница и 11,6 милиони евра за…

June 2, 2026
ЕКОНОМИЈА

Нови ЕУ правила: Пластичните шишиња наскоро ќе претрпат важна промена

Пластичните шишиња наскоро ќе претрпат нова важна промена — по воведувањето на неодвојливите капачиња, следува уште еден чекор во правец…

October 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Оформени 50 предмети за случаи на нефер трговски практики

Комисијата за заштита од конкуренција (КЗК) има веќе оформено 50 предмети за примери за нефер трговски практики, изјави заменик-министерот за…

January 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Голем полски трговски ланец потврди дека отвора маркети во Македонија

Полскиот ланец на дисконтни малопродажни продавници „Пепко“ потврди дека влегува на македонскиот пазар во јуни годинава. Првите продавници компанијата ќе…

March 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?