Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ: Со нас народот живее подобро, платите растат, инфлацијата се топи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ: Со нас народот живее подобро, платите растат, инфлацијата се топи
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Со нас народот живее подобро, платите растат, инфлацијата се топи

Објавено August 30, 2025 10:10
Сподели
Сподели

Со ВМРО-ДПМНЕ на власт граѓаните имаат повеќе пари, платите растат, а инфлацијата е стабилизирана, пишува во денешното соопштение на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека економските мерки кои се спроведуваат даваат конкретни резултати и носат подобар животен стандард за сите граѓани.

„Полека, но сигурно, економијата оживува. Производството расте, платите се зголемуваат, инфлацијата е ставена под контрола. Граѓаните денес имаат повеќе пари и со тоа купуваат повеќе. Тоа не се само бројки, тоа е реалност што ја чувствува секое семејство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, во само една година власт на ВМРО-ДПМНЕ, реалната плата пораснала двојно повеќе отколку за седум години власт на СДСМ.

„Растот на реалната плата за периодот од јули 2024 до јули 2025 година е 6,7 проценти, додека за времето на СДС – од јули 2017 до јули 2024 – изнесуваше само 3,5 проценти. Тоа јасно покажува кој работи за граѓаните, а кој за својата политичка елита“, додаваат од партијата.

Во исто време, инфлацијата е намалена за цели 30 проценти. Просечната стапка во последната година е 3,6%, додека во времето на СДСМ таа изнесувала 4,8%.

„Ова се факти кои никој не може да ги оспори. Граѓаните денес имаат повисока куповна моќ, живеат подобро, а државата оди напред. За разлика од времето на СДСМ, кога добро живееја само тендерашите и нивната политичка елита, денес резултатите ги чувствува секој граѓанин“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Идејата не банкротира“- Зоран Витанов започнува план за нова апликација и обнова на мрежата
Следна Статија Ќе се казнува преминување пешачки со мобилен и возење велосипед со слушалки: Глоба до 50 евра за непочитување на законот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Попов: Го поднесовме Законот со кој секој студент ќе добие ваучер од 250 евра за таблет, компјутер или лаптоп

Денеска заедно со моите колеги го поднесовме Законот за издавање на вредносни ваучери со кој секој студент на додипломски студии,…

July 15, 2025
ЕКОНОМИЈАПОЛИТИКАСВЕТ

Н21: Нетанјаху даде зелено светло за прекин на огнот во Либан

Израел дал зелено светло за прекин на огнот со либанската шиитска милиција Хезболах, јави денеска телевизијата N12. Целта е да…

September 26, 2024
ПОЛИТИКА

Богдан Илиевски: Будалиот се гордее со тоа од што паметниот се срами

Веројатно навистина треба доста храброст (или лудост) да одиш против волјата на својот народ, да го обезличиш и да го…

November 27, 2024
ПОЛИТИКА

Строги контроли не само во локалите, туку и во детските градинки, училиштата и другите големи објекти, бара ЛДП

Не може да се најдат вистинските зборови со кои ќе се опишат траорот и тагата од трагедијата која се случи…

March 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?