Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Паднати дрвја, настрешници и покриви, оштетени моторни возила и скинати кабли на ЕВН по вчерашното невреме во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Паднати дрвја, настрешници и покриви, оштетени моторни возила и скинати кабли на ЕВН по вчерашното невреме во Скопје
МАКЕДОНИЈА

Паднати дрвја, настрешници и покриви, оштетени моторни возила и скинати кабли на ЕВН по вчерашното невреме во Скопје

Објавено August 31, 2025 08:58
Сподели
Сподели

Вчерашното невреме што го зафати Скопје предизвика бројни проблеми и материјални штети во различни делови на градот. На бројот за итни повици 112 беа пријавени паднати дрвја, оштетени моторни возила, скинати кабли на ЕВН, настрешници и кровови, како и други материјални оштетувања на приватна сопственост.

Најголем дел од пријавите се однесуваат на улиците Теодосиј Гологанов, Париска, Никола Русински, Димитар Туриманџовски, Ѓорче Петров, Самоилова, Струма, Варшавска, Методија Митевски, Ацо Шопов, Лука Геров и бројни други делови од градот, како и населбите Топаана, Бутел, Козле, Сопиште и Виниче. На булеварот „Партизански одреди“ паднало дрво врз повеќе паркирани возила, а на ул. Драгиша Мишовиќ, во дворот на градинката „Орце Николов“, дрво се урнало врз автомобил.

Неколку локации пријавиле и паднати или навалени бандери, скинати жици под напон и искрење, што претставува сериозна опасност за граѓаните. На ул. Шар Планина и ул. Лука Геров се забележани искрења на електрични кабли на ЕВН, а во Шишево и кај православните гробишта паднати бандери го блокирале движењето и создавале ризик од струјен удар.

Оштетувања биле забележани и на кровови на приватни објекти, настрешници, контејнери и семафори, додека во некои случаи дрвата паднале врз јавни и административни објекти, како Драмскиот факултет и Министерството за труд и социјална политика.

Надлежните служби интервенираат по приоритет, со цел безбедно отстранување на паднатите дрвја, обезбедување на оштетените кабли и враќање на нормалното функционирање на улиците. Граѓаните се предупредуваат да ги избегнуваат опасните локации и да се придржуваат до инструкциите на надлежните служби.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Градоначалникот на Чикаго до Трамп: Не сакаме тенкови на нашите улици
Следна Статија ВАР му поништи три гола на Реал, сепак со пресврт стигна до победа над Мајорка (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Втор ден блокиран регионалниот пат Прилеп-Крушево

Жителите на пелагонискиот регион втор ден го блокираа регионалниот пат Прилеп-Крушево, во знак на протест поради најавите дека ќе почне…

May 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од денеска до петок нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Од денеска до петок во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално…

June 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сите судии изземени во Битола, предметот за РЕК и Марковски оди во судот во Струга

Предметот за злоупотребите со јавни набавки во РЕК Битола и Марковски компани се сели во Основниот суд Струга, откако сите…

April 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Гаши против „ад-хок“ отворање на Уставот

Прашањето за воведување на институтот „Уставна жалба“ и евентуални уставни измени е чисто политичко прашање за кое е потребен консензус…

March 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?