Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Новата учебна година ќе ја започнат 245 илјади ученици со учебници за сите и подобрени инфраструктурни услови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Новата учебна година ќе ја започнат 245 илјади ученици со учебници за сите и подобрени инфраструктурни услови
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Новата учебна година ќе ја започнат 245 илјади ученици со учебници за сите и подобрени инфраструктурни услови

Објавено August 31, 2025 13:46
Сподели
Сподели

Утре започнува новата учебна 2025-2026 година. Настава ќе има до 10 јуни, а исклучок ќе бидат матурантите за кои редовните часови ќе траат до 15 мај. Обезбедени се учебници за сите ученици, а за прв пат по седум години ќе има и учебници по странските јазици. Во повеќе училишта условите за настава се значително подобрени, а инклузијата е подигната со ангажирање на зголемен број образовни асистенти во основното, но и за прв пат во средното образование. Учениците ќе се запознаваат со придобивките од вештачката интелигенција и ќе учат етички да ја користат за образовни цели.

Ова се новините на кои Министерството за образование и наука работеше во изминатиот период и на кои се осврна министерката за образование и наука, Весна Јаневска на денешната прес конференција, на која посочи дека очекува повисок квалитет на наставниот процес во споредба со изминатите години.

Втора учебна година по ред започнува со учебници за сите ученици. Целосно нови учебници има за седмо одделение во основното образование и за прва година во гимназиите, поради примената на нови наставни програми и најавувам дека овој процес на обнова на наставните содржини ќе има континуитет. За прв пат после седум години, учениците ќе добијат и учебници по странски јазици – англиски, француски, германски и италијански јазик“, рече Јаневска, нагласувајќи дека сите се испечатени и над 90% од тиражот е веќе испорачан.

Министерката нагласи дека со нов Закон за учебници во чија изработка учествуваа сите засегнати чинители, меѓу кои и сите издавачки куќи во Македонија, системски е решен предизвикот со учебниците кој се провлекуваше со години. Повеќе нема предмети во основното образование без учебници, нема користење на учебници без склучени договори и регулирани авторски права и нема доцнење на испораката со месеци.

Направеи се и крупни инвестиции за подобрување на образовната инфраструктура. Во период од една година отпочнат е инвестициски циклус од 67 милиони евра. Дел од градежните проекти се завршени, а дел во фаза на реализација.

Јаневска рече дека започнува примената на нов електронски дневник кој има значително подобри перформанси од претходниот и наставниците ќе можат да се најават и пополнуваат податоци во секој момент.

„Вештачката интелигенција влегува во наставата. Со задоволство споделувам дека е изготвен сеопфатен прирачник за едукација и на наставници и на ученици, со јасни инструкции за етичка и ефикасна примена на новите технолошки алатки за образовни цели“, рече министерката, изразувајќи благодарност до професорите од Факултетот за информатика во Штип. Најави и обуки за наставниците, кои ќе следат на самиот почеток на учебната година.

Значително се подигнува и инклузивноста на образовниот систем. Освен 1346 образовни асистенти во основните училишта, за прв пат, образовна асистенција ќе добијат и средношколците со посебни образовни потреби, а нив ќе им помагаат 130 образовни асистенти. За прв пат е воведено и формално образование за децата на долготрајно болничко лекување и тие повеќе нема да губат настава. Зависно од нивната состојба ќе можат да се вклучуваат онлајн во својот клас или пак, наставникот индивидуално ќе работи со нив.

„Верувам во квалитетите на наставниците и очекувам мотивирани да ја започнат новата учебна година, во која секако, ќе имаат и ново зголемување на платите, онака како што се договоривме пред 1 година, од 7,5% до 10% во зависност од степенот на инфлацијата, за да имаме реален раст без манипулации како што тоа го правеа претходните структури“, додаде Јаневска.

Во новата учебна година, обезбедена е поголема поддршка за талентираните ученици, односно целосно покривање на трошоците за учество на меѓународни научни олимпијади. А за сите ученици е овозможено професионално, односно кариерно насочување.

Според досега доставените податоци од општините, учебната година ја започнуваат 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за 1 година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници
Следна Статија Андоновски: Од Охрид почна промоцијата на порталот на кој ќе има 200 електронски услуги за граѓаните

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Гаши: Велигден не потсетува дека меѓусебното почитување, солидарноста и добрината се суштински за напредокот на секое општество

Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитки до граѓаните од христијанска вероисповед, по повод Велигден. „Во овие светли денови на…

April 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Планинарката Ивона која загина во пожарот е ќерка на единствената пожарникарка во Кочани, колегите тагуваат

Дваесет и едногодишната Ивона Антова – планинарка која загина во дискотеката „Пулс“ во Кочани, е ќерка на единствената жена пожарникар…

March 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Производи со изминат рок ставале во новогодишни пакетчиња: Спроведени 62 вонредни контроли

Минатата недела се спроведени 62 вонредни контроли за безбедноста на новогодишните пакетчиња при што кај две се најдени производи со…

December 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

Салиу: Се додека не бидам осуден не сум виновен, не чувствувам никаква вина

Се додека не бидам осуден не сум виновен. Не чувствувам никаква вина и треба да оставиме судовите да донесат одлука…

July 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?