Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Лоши економски политики на власта, платите стагнираат а странските инвестиции паднаа од 500 на 220 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Лоши економски политики на власта, платите стагнираат а странските инвестиции паднаа од 500 на 220 милиони евра
ПОЛИТИКА

Филипче: Лоши економски политики на власта, платите стагнираат а странските инвестиции паднаа од 500 на 220 милиони евра

Објавено September 1, 2025 13:39
Сподели
Сподели

Власта има лоши економски политики, ниту пак води грижа за работниците во било кој сектор и воопшто нема најава за зголемување на платите.

Не може државата да се движи напред, не може луѓето да дадат сè од себе во својот работен процес ако не се стимулирани, а не се. Едноставно, не можат да врзат крај со крај, рече денеска во одговор на новинарско прашање, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Државата тоне во економска несигурност, додека Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема никакви политики за раст на платите и подобар животен стандард.

„Жалам што има лоши економски политики, кои едноставно ниту пак имаат грижа за работниците во било кој сектор и нема најава за зголемување на платите. Луѓето кубурат, цените се огромни, владата не прави ништо да ги исконтролира, ниту во маркетите, ниту пак има некакви добри економски политики коишто во иднина ќе донесат добро. Не може државата да се движи напред, не може луѓето да дадат сè од себе во својот работен процес ако не се стимулирани, а не се. Едноставно, не можат да врзат крај со крај. Имаме сериозни забелешки во делот на грижата за наставниците, а тоа се тие се тие коишто се грижат за едукативниот процес на учениците. Ако наставниците не се стимулирани, а не се, ниту пак има некакво зголемување на платите, ниту пак има најава дека платите на наставниците ќе се зголемат, тогаш имаме сериозен проблем. А тоа е нешто што сериозно недостасува во државата.“, рече Филипче.

Гледаме можност за сериозна криза, додаде Филипче потенцирајќи го падот на директните странски инвестиии.

„Странските инвестиции од над 500 милиони евра се намалени во првата половина од оваа година, ако ја споредиме со ланската, на 220 милиони. Тоа е само еден доказ дека владата води лоши политики“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јаневска: Воведување на вештачка интелигенција во сите предмети ќе зависи од наставниците и нивната употреба на алатки
Следна Статија Kривична пријава за полицаец во ПС Чаир: Се потпишал и подигнал 11 туѓи лични карти, биле на граѓани од Чучер Сандево

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Латас: Имав понуда од Данела да работам на соборување на Мицкоски

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска му нудела пари на новинарот Драган Павловиќ-Латас за соборување на Мицкоски. Според изјавата, понудата била…

June 27, 2025
ПОЛИТИКА

Анкета: Граѓаните со позитивно мислење за економска политика на власта

Една третина од граѓаните сметаат дека владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ води подобра економска политика од СДСМ (9,1%), покажуваат резултатите на истражувањето…

September 28, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: За Скопје се приоритетни три столба, враќање на хигиената, завршување на сите започнати проекти и консолидирање на претпријатијата

Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата овие два дена, претставува, навистина, новитет на политичката сцена во Македонија. Добро е…

August 24, 2025
ПОЛИТИКА

Заврши со писмата: Ахмети сега преку видео му праќа порака на Мицкоски

Лидерот на ДУИ Али Ахмети преку монтирано видео објавено на својот профил на Фејсбук му одговори на премиерот и лидер…

October 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?