Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Kривична пријава за полицаец во ПС Чаир: Се потпишал и подигнал 11 туѓи лични карти, биле на граѓани од Чучер Сандево
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Kривична пријава за полицаец во ПС Чаир: Се потпишал и подигнал 11 туѓи лични карти, биле на граѓани од Чучер Сандево
ХРОНИКА

Kривична пријава за полицаец во ПС Чаир: Се потпишал и подигнал 11 туѓи лични карти, биле на граѓани од Чучер Сандево

Објавено September 1, 2025 13:42
Сподели
Сподели

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против Д.С. на работно место полицаец во ПС Чаир при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил  кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в став 4 од КЗ.

Како што се наведува во полицискиот билтен, пријавениот полициски службеник како службено лице во просториите на Одделението за управни работи Скопје се потпишал и подигнал 11 лични карти и список-извештај за скенирани лични карти за лица кои живеат на станично подрачје на ПО Мирковци во Општина Чучер Сандево, по што со пропуштање на должен надзор над преземените лични карти, пријавениот не ги доставил во ПО Мирковци за понатаму граѓаните да ги подигнат, ниту пак пријавил дека личните карти недостасуваат, со што на граѓаните им е причинета материјална штета и им го ограничил правото за користење, како и за навремено изготвување и подигање на личните карти.

Од МВР исто така наведуваат дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеник ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки одземање на службеното оружје и муниција и  да се отстрани од работното место- суспендира до завршување на дисциплинската постапка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Лоши економски политики на власта, платите стагнираат а странските инвестиции паднаа од 500 на 220 милиони евра
Следна Статија Царината: За 14,5 милиони евра зголемена наплатата на приходи во август

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Исчезна 14-годишно девојче

Во СВР Куманово на 04.07.2025 година во 22:45 во СВР Куманово С.Ј. (40) од Куманово пријавила дека од домот се…

July 5, 2025
ХРОНИКА

За осум часа санкционирани 113 возачи на мотоцикл во Скопје

Вчера (02.05.2026) во периодот од 12:00 до 20:00 часот на подрачјето на град Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај…

May 3, 2026
ХРОНИКА

Почина дешифрирачот на Каменот од Розета, проф. д-р Аристотел Тентов

Почина проф. д-р Аристотел Тентов, универзитетски професор на ФЕИТ. познат и како дешифрирачот на Каменот од Розета. Во својот плоден…

November 30, 2024
ХРОНИКА

Малолетници принудувале врснички полово да ги задоволуваат, за што поседувале и снимки

Двајца малолетници од Битола со закани принудувале врснички полово да ги задоволуваат, бидејќи поседувале компромитирачки материјал за нив. Ова го…

March 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?