Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Љутков: До 2028 година Скопје ќе има легална Универзална сала
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Љутков: До 2028 година Скопје ќе има легална Универзална сала
МАКЕДОНИЈА

Љутков: До 2028 година Скопје ќе има легална Универзална сала

Објавено October 14, 2024 16:20
Сподели
Сподели

Склучениот договор од страна на Министерството за култура и Град Скопје за Универзалната сала има контрадикторни одредби, не е заверен на нотар, не содржи кои права и обврски се предаваат и што всушност се предава, изјави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој се обрати по повод првите 100 дена работа.

Љутков рече Скопје ќе има Универзална сала која ќе биде готова до 2028 година, но дека таа ќе биде изградена на законски и легален начин.

„Универзална сала е преземена од град Скопје во Министерството за култура и туризам на незаконски начин, во постапка која е проблематична, со прекршувања на повеќе закони. Договорот и решението за реконструкција од 22 март годинава издадено од општина Центар, не се запишани во Катастарот на недвижности. На Министерството за култура не му биле пренесени во целост правата и обврските согласно закон, за втора фаза од реконструкцијата“, рече Љутков.

Министерот рече дека Министерството за култура и туризам условно исполнило само еден од двата кумулативни законски услови предвидени во член 70 од Законот за градење, за да може да се стекне со статус на инвеститор, а тоа е: со склучување на посебен договор помеѓу претходниот и новиот инвеститор, да ги преземе правата и обврските кои претходниот инвеститор ги имал со учесниците во градењето, додека не го исполнил и вториот законски услов, а тоа е да биде носител на правото на градење.

Целата документација е предадена на Основното јавно обвинителство, а министерот се надева дека истражните органи ќе постапат согласно нивните надлежности.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фокусирани сме на зголемување на платите во образованието и во здравството
Следна Статија Таравари: Лекарите од Клиниката за детски болести и од „Козле“ направиле превид кога не го хоспитализирале 14-месечното женско бебе кое почина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Агелер: Доказите за поранешниот вицепремиер Груби се на дофат на македонските власти

Американската амбасадорка Анџела Агелер изјави дека е задоволна што поранешниот вицепремиер Артан Груби е на црната листа на САД. Таа…

January 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за кочанската трагедија: И јас сум гневен поради пропустите на системот, но има и глодари кои сакаа да ја злоупотребат несреќата

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во своето гостување во „За или против“ на Алфа телевизија говорејќи за трагедијата во Кочани,…

April 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

СДК: Не сакаат да бидат овчари ни за 2.000 евра

Во најнеопходната сезона на одгледување на овците, пред и по нивното прво и второ објагнување, или во период од шест…

May 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Македонија има патентирано изум кој за 15 минути растерува магла и го намалува загадувањето, но 24 години некој го држи во фиока

Мал број на граѓани се сеќаваат дека во Македонија има изум кој за 15 минути растерува магла но од неразбирливи…

November 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?