Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ирина Трајкоска Стрезоски избрана за директорка на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ирина Трајкоска Стрезоски избрана за директорка на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“
МАКЕДОНИЈА

Ирина Трајкоска Стрезоски избрана за директорка на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“

Објавено October 14, 2024 17:15
Сподели
Сподели

Обвинителката Ирина Трајкоска Стрезоски од Вишото јавно обвинителство Битола е новата директорка на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

Со најмногу, односно шест гласови „за“ Управниот одбор на Академијата денеска донесе одлука четиригодишниот мандат да ѝ го довери на Трајкоска Стрезоски.

Еден глас помалку, односно пет гласови при денешниот избор доби судијата Ненад Савески од Основен кривичен суд Скопје, а трет, со три гласови беше заменик-директорот на Академијата, Илир Исени.

Судијката Оља Ристова од Кривичен суд и судијата Андреј Димовски од Граѓанскиот суд не освоија ниту еден глас. Додека, судијката Едита Насковска од Управен суд доби два, а обвинителката Спасенка Андонова од Основното јавно обвинителство Скопје еден глас.

Претходно на седницата дел од членовите на УО посочија дека сите пријавени кандидати ги исполнувале условите за избор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таравари: Лекарите од Клиниката за детски болести и од „Козле“ направиле превид кога не го хоспитализирале 14-месечното женско бебе кое почина
Следна Статија Мицкоски и другите премиери од Западен Балкан го потпишаа Акциониот план за заеднички регионален пазар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Видео: Блокади на улици во Скопје, Куманово и Тетово по победата на Албанија над Србија

По фудбалската победа на Албанија над Србија со резултат 1-0 во Лесковац, синоќа беа забележани масовни прославувања од албанската заедница…

October 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром ќе ги зголеми капацитетот и квалитетот на патувањата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на почетокот на реконструкцијата на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, истакнувајќи дека станува збор за…

March 29, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сомнежи за шпионажа во Кабинетот на претседателката: Обвинителството чека докази од МВР

Обвинителството за организиран криминал и корупција, со месеци чека одговори од Министерството за внатрешни работи за случајот со сомнежи за…

May 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: АСНОМ е неизбришливиот жиг на Македонската борба, македонската нација е создадена со многу труд и со огромни жртви

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски во своето обраќање по повод одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето на Скопје истакна дека…

November 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?