Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче од Радовиш: Со градоначалните на ВМРО-ДПМНЕ општините се запуштени, граѓаните разочарани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче од Радовиш: Со градоначалните на ВМРО-ДПМНЕ општините се запуштени, граѓаните разочарани
ПОЛИТИКА

Филипче од Радовиш: Со градоначалните на ВМРО-ДПМНЕ општините се запуштени, граѓаните разочарани

Објавено September 4, 2025 16:20
Сподели
Сподели

После четири години од мандатите на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, општините се запуштени, граѓаните разочарани – посочи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на средба со граѓани во Радовиш. На средбата се разговараше за работата на локалната власт во изминатите четири години и за проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните.

„Во Радовиш прошетав на плоштадот – страшно и жално е колку еден среден град, каков што беше порано, сега е запуштен и задушен во смет. Инфраструктурата, улиците, чистотата – тоа се клучните индикатори колку градската власт се грижи за граѓаните и за градот. Тука во Радовиш, како и во многу други општини каде ВМРО-ДПМНЕ има градоначалници, гледаме целосна негрижа, неспособност и отсуство на визија“, рече Филипче.

Тој нагласи дека колку и да се обидува власта да ја убеди јавноста дека во државата се живее добро, дека општините се развиваат, реалноста на терен е поинаква – граѓаните гледаат и чувствуваат на свој грб дека со оваа власт не се заштитени и живеат полошо од претходно.

„Граѓаните се разочарани и знаат да казнуваат. ВМРО-ДПМНЕ имаат страшен пад во гласовите на анкетите. За само една година, нова влада која што дојде на власт со толкаво мнозинство на гласови да има таков пад – близу 100.000 гласа, тоа значи дека граѓаните знаат, не можеш да ги прелажеш“, порача претседателот на СДСМ.

Филипче потенцираше дека државата мора да се врати на вистинскиот пат и дека СДСМ е подготвен да го предводи тој процес со одговорна и транспарентна политика.

„Ако ние не се обединиме, ако не застанеме заедно, како што стоиме тука во Радовиш, државата нема да ја биде. Ќе бидеме тешка периферија на Европа, ќе бидеме под руско влијание и само ќе не задолжуваат, а парите ќе ги враќаат следните генерации“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бројот на жртви по земјотресот во Авганистан се искачи на над 2.000
Следна Статија Русија со остра порака до Мерц: Канцеларот е опседнат со одмазда за поразот на нацистичка Германија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ на плоштадите ќе собира предлози за локалните избори

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, денеска најави почеток на теренска кампања под мотото „Предложи! Вистинската идеја за вашата општина!“. Во…

August 25, 2025
ПОЛИТИКА

ЛДП: Забрана на Тик-Ток за малолетници по примерот на Албанија и регулирање на работата на другите социјални мрежи

По последните случувања во Република Албанија, убиството на 14-годишното момче и следствено на тоа, воведената рестрикција на Тик Ток, Либерално-демократската…

December 23, 2024
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината, неспособноста завршува со нив!

Неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина, велат од партијата.За да оцениме дали сме задоволни треба…

October 5, 2024
ПОЛИТИКА

Лабудовиќ: Со зелени поени, селекција на отпад и еко-часови, создаваме општина што дише, расте и живее во хармонија со природата

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, ја најави една од најиновативните и најхрабри еколошки иницијативи во Македонија –…

October 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?