Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ: Ги препородивме општините, СДСМ е поим за скандали и афери
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ: Ги препородивме општините, СДСМ е поим за скандали и афери
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Ги препородивме општините, СДСМ е поим за скандали и афери

Објавено September 4, 2025 19:36
Сподели
Сподели

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ вели дека ги препородила општините кои, според нив, биле оставени со долгови и празни каси од претходната локална власт на СДСМ. Овој коментар на партијата доаѓа како реакција на изјавите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој вели дека општините водени од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ се запуштени.

Партијата ги обвинува Филипче и СДСМ за скандали и афери кои, според нив, се причина за губењето на довербата кај граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ во соопштението наведува многубројни проекти реализирани во изминатите четири години, а кои се во делот на изградени патишта и водоводни мрежи, изградба на нови и модернизација на постојните училишта, како и изградба на нови спортски игралишта и рекреативни терени.

Од партијата велат дека поддршката од централната власт, за која СДСМ наводно немал идеа и визија, се гледа во инвестираните 500 милиони евра за локален развој.

За само една година по преземањето на одговорноста на централната власт се овозможи да се инвестираат 500 милиони евра за локален развој преку два јавни повици. На последниот втор повик имаше 887 од 80 општини. Само во овој момент се реализираат проекти по општините од над 100 милиони евра обезбедени од Владата. И таа поддршка ќе продолжи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како конкретни примери, ВМРО-ДПМНЕ ги наведуваат нови пазари во Штип, Велес и во Радовиш, пречистителна станица во село Видовиште, како и изградба и реконструкција на 20-ина спортски и детски игралишта во Охрид.

Претходно денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче, при неговата посета на Радовиш рече дека општините водени од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ се запуштени, а граѓаните разочарани.

Според Филипче, по четири години од нивните мандати, на терен се гледа целосна негрижа и отсуство на визија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонија загуби од Саудиска Арабија со 1-2 во пријателски меч
Следна Статија Почна судскиот процес против групата „Беланоца-Барон“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

„Влен“: ДУИ се нервозни затоа што Изет Меџити ги искорнa од Изборна единица 1

„ДУИ и вистината се разделија одамна, но повеќе од сè, ги изгоре моментот кога Изет Меџити ги искорени Блерим Беџети,…

September 5, 2025
ПОЛИТИКА

Не мрзнете и не правете фешти за гол ПР, им порача ВМРО-ДПМНЕ на „стражарите“ од ДУИ

ДУИ да ја слушнат изјавата на претседателот Христијан Мицкоски, да не сеат магла, иако знаат дека во среда нема да…

December 8, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски до ДУИ: Да не се надеваат на предвремени избори, на локалните ќе победи ВМРО

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска им порача на ДУИ дека „тоа така не оди“, кога во прашање е придобивање на гласови…

August 11, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Бараме оставка од Љутков за хаосот во културата

СДСМ најостро реагира на катастрофалното раководење со културата од страна на министерот Зоран Љутков, кој остави над 3.000 културни работници…

April 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?