Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јапонците ќе јадат американски ориз за пониски царини на автомобилите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Јапонците ќе јадат американски ориз за пониски царини на автомобилите
ЕКОНОМИЈА

Јапонците ќе јадат американски ориз за пониски царини на автомобилите

Објавено September 5, 2025 10:33
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба за намалување на царините за увоз на јапонски автомобили и други производи, во однос на стапките од јули годинава, обезбедувајќи олеснување за извозно ориентираната економија на Јапонија, објави Ројтерс.

Договорот меѓу САД и Јапонија, постигнат по неколкумесечни преговори, ја намалува неизвесноста за јапонскиот автомобилски сектор и потврдува јапонски инвестиции од 550 милијарди долари во американски проекти.

Царините за јапонските автомобили се намалуваат од 27,5% на 15% и ќе стапат во сила седум дена по објавувањето на наредбата. Производите со повисоки царини од 15% нема да бидат дополнително оптоварени, додека оние со пониски стапки ќе се усогласат на 15%, со ретроактивно важење од 7 август.

Трамп ветил и ослободување од царини за комерцијални авиони и делови.

Царините на Трамп го намалија јапонскиот извоз, силно погодувајќи ги производителите на автомобили. „Тојота“ минатиот месец соопшти за очекувана загуба од речиси 10 милијарди долари.

– Конечно, напиша Рјосеи Аказава, главниот трговски преговарач на Јапонија, на „Икс“, по повеќемесечните фрустрирачки преговори. Аказава, на своето десетто патување во САД, изјави пред новинарите во Вашингтон дека Јапонија ја поздравува наредбата како „стабилно спроведување на договорот постигнат на 22 јули“.

Јужна Кореја, конкурент на Јапонија во автомобилскиот извоз, сè уште чека сличен договор со САД за царини од 15% за „Хјундаи“ и „Киа“, кои сега се под 15% царини. Јужнокорејскиот трговски претставник рече дека земјата го проценува влијанието на јапонската наредба.

Акциите на јапонските автомобилски компании малку пораснаа во петокот на берзата, додека корејските забележаа благ пад.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бесмртната Октавија: Како издржливата Шкода помина милион километри по суровите исландски патишта
Следна Статија Поднесено е обвинение против сопственикот на агенцијата која ја обезбедуваше кочанската дискотека „Пулс“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во септември годишен раст на депозитите од 8,8 % и на кредитите од 7,5%

Годишниот раст на вкупните депозити изнесува 8,8%, што се должи на зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на…

October 21, 2024
ЕКОНОМИЈА

Ќе има мерки за цените на прехранбените производи

Владата подготвува мерки за високите цени на прехранбените производи во маркетите. Премиерот Мицкоски вели дека екипи на Државниот пазарен инспекторат…

September 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Животот во Македонија поскапе за 2,9%

Трошоците на животот во февруари бележат благ раст од 0,2% во споредба со јануари, но вистинскиот притисок се чувствува на…

March 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

„Кроација ерлајнс“ ги крати летовите кон Скопје

Според специјализираниот портал „Екс ју авијација“, „Кроација ерлајнс“ продолжува со намалување на бројот на летови на маршрутите од Загреб кон…

May 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?