Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Славјанка Петровска откри зошто декласификацијата предизвикува нервоза кај власта
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Славјанка Петровска откри зошто декласификацијата предизвикува нервоза кај власта
ПОЛИТИКА

Славјанка Петровска откри зошто декласификацијата предизвикува нервоза кај власта

Објавено September 7, 2025 09:30
Сподели
Сподели

Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, изјави дека барањето за целосна декласификација на документите предизвикало паника и нервоза кај власта, која наместо да одговори транспарентно – се обидела да се претстави како жртва.

„Приоритет е целосна декласификација на документите за да се обезбеди транспарентност и граѓаните да добијат одговори на стотиците прашања што се поставуваат. Најавата за целосна декласификација предизвика нервоза кај оние кои сакаа да се прикажат како жртви, затоа што ќе бидат објавени информации кои можеби нема да им се допаднат“, изјави Петровска во гостување во „Дневник“ на Сител телевизија.

Таа потсети дека претседателот на комисијата, Скендер Реџепи, го поднел барањето за безбедносен сертификат уште кон крајот на 2024 година, но шестмесечниот рок одамна е пробиен.

„Тоа отвора сериозни прашања за законитоста на надзорот“, додаде Петровска.

Пратеничката истакна и дека неколку пати биле закажувани и откажувани седници на кои требало да претседава Реџепи, а потоа тој самостојно закажал седница, што според неа создало негативен впечаток за работата на Собранието.

„Надзорот мора да биде јавен, пред медиумите и граѓаните, со јасна одговорност од сите. АНБ не е сопственост на ниту една партија, туку столб на државата. Реформите мора да продолжат, но со вклучување на експерти, академската заедница и невладини организации“, нагласи Петровска.

Таа посочи дека Собранието нема истражна функција и пратениците мора да внимаваат да не ја попречуваат предистрагата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Земјотрес почувствуван во Кичево, Охрид и околината
Следна Статија Македонија денес го пречекува Лихтенштајн во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра

Не стивнуваат реакциите по изгласувањето на Деталниот урбанистички план во Куманово за просторот кај поранешен ЧИК Куманово, каде што треба…

May 7, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Со 61 глас може да ја избришеме техничката влада, но сакавме процесот да биде инклузивен

Мислев дека ќе покажеме зрелост, широчина и на тој начин како политички чинители да се обединиме, оние партии кои имаме…

January 8, 2026
ПОЛИТИКА

Каранфилова Пановска: ВМРО-ДПМНЕ не испорача никакви резултати

ВМРО-ДПМНЕ не испорача никакви резултати, единствено што прави е креирање конфликти, поларизирање и правење поделби во општеството, а не прави…

July 23, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Реформи нема, извештајот за Македонија е еден од најлошите

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции и лидер на СДСМ Венко Филипче, на денешната заедничка седница на НСЕ и Комисијата…

November 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?