Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шукова: ЗОО во Скопје ќе биде модерна и едукативна со хуман третман за животните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Шукова: ЗОО во Скопје ќе биде модерна и едукативна со хуман третман за животните
ПОЛИТИКА

Шукова: ЗОО во Скопје ќе биде модерна и едукативна со хуман третман за животните

Објавено September 7, 2025 10:54
Сподели
Сподели

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска ја посети Зоолошката градина и ја претстави својата визија за нејзина целосна трансформација во современ, едукативен и хуман јавен простор.

„Зоолошката градина треба да биде многу повеќе од место за прошетка. Таа треба да биде простор каде децата учат за животните и природата, каде семејствата се чувствуваат безбедно и пријатно, а животните живеат во достоинствени услови“, изјави Шукова.

Шукова истакна дека моменталната состојба на ЗОО не одговара на потребите и потенцијалот што оваа институција го има. Дел од живеалиштата се дотраени, едукативната функција не е доволно развиена, а зеленилото не е соодветно одржувано, хигиената пак е на загрижувачко ниво.

Шукова најави, обнова и модернизација на живеалиштата, според највисоки стандарди за благосостојба на животните, како и Еко-центар, во кој децата и младите ќе можат да учат за природата, климатските промени и заштитата на живиот свет. Засилување на зеленилото и инвестиции во чисти, одржливи извори на енергија, Според Шукова, Зоолошката градинатреба да биде  на ниво на современа урбана средина која спојува едукација, екологија, заштита на животните и семејни вредности.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Осумнаесет лица со повреди од пожарот во „Макпрогрес“ примени во Болницата во Кочани
Следна Статија Ѓорѓиевски најавува нови сообраќајни решенија за Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Како Филипче се обиде да заработи од вакцини за време на короната

Експертот за кризи, хирургот на Заев, Филипче, човекот кој во време ковид кризата, наместо набавка на ракавици, каљачи, маски и…

March 9, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче најави кадровски промени во раководството на СДСМ по завршувањето на локалните избори

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска најави кадровски промени во раководството на партијата по завршувањето на локалните избори. Тоа, како…

October 26, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Владата катастрофално ја менаџира економијата, стандардот срозен, цените вртоглаво растат

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во вечерашното гостување во подкастот „Политиканти“, истакна дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ во…

May 9, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Категорично сум против етнички поделби во науката

Претседателот на СДСМ Венко Филипче објави дека е категорично против етнички поделби во науката по идејата за формирање паралелна академија…

October 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?