Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЛДП ќе коалицира со ГРОМ на изборите во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ЛДП ќе коалицира со ГРОМ на изборите во Скопје
ПОЛИТИКА

ЛДП ќе коалицира со ГРОМ на изборите во Скопје

Објавено September 7, 2025 22:45
Сподели
Сподели

Поранешниот министер за локална самоуправа и поранешен градоначалник на Скопје, Ристо Пенов, заедно со докторот Никола Пановски ќе бидат на чело на листата на советници на изборите во Градот Скопје. Тоа го изјави Пенов во гостувањето во емисијата „Стадион“ на Канал 77 во саботата.

Според зборовите на Пенов, ЛДП ќе излезе сама на изборите во Скопје, но ќе биде во соработка со ГРОМ на градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски. Тој вели дека имало мала комуникација со долгогодишниот коалициски партнер, СДСМ, за настапот на локалните избори.

Пред четири години ЛДП, исто така, настапи одделно од СДСМ, но тогаш беше во изборна коалиција со ДОМ. На повеќе места кандидатите за градоначалници на ЛДП (како Скопје и Битола) освоија значителен број гласови што придонесе за поразите на сдсмовските кандидати.

Пенов рече дека со ГРОМ меѓусебно ќе ги поддржуваат кандидатите на двете партии за градоначалници, но дека деталите уште не се знаат. ЛДП засега нема кандидат за градоначалник на Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Културата е темелот врз кој се гради една нацијa
Следна Статија Масар Омерагиќ: Браво Македонија, табелата никогаш не изгледала поубаво!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ова се седумте столбови од програмата на Орце Ѓорѓиевски

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски на денешниот митинг во Скопје на првиот ден од кампањата…

September 29, 2025
ПОЛИТИКА

Стојаноска: Збор, два за димиТРУЛа “на викенд во Грција” апасиев

Збор, два за димиТРУЛа “на викенд во Грција” апасиев: – “напатениот претставник” на работничката класа, малиот Енвер од Али Експрес,…

January 17, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче најави кадровски промени во раководството на СДСМ по завршувањето на локалните избори

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска најави кадровски промени во раководството на партијата по завршувањето на локалните избори. Тоа, како…

October 26, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Ќе направиме генералка во цело Скопје во првите 72 часа, сметот и мини депониите ќе бидат минато

Орце Ѓорѓиевски кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во дневникот на ТВ Сител во Тема на денот…

October 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?