Премиерот Христијан Мицкоски со двајцата синови замина во Будимпешта, за денеска да го гледаат фудбалскиот меч Унгарија-Португалија за квалификации за Светското првенство во 2026. Како што објави на официјалниот инстаграм профил, Мицкоски ќе мине 2 дена во Будимешта за натпреварот, на покана од унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Премиерот вели дека ќе се врати на 10 септември и ќе учествува на настан на градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски, кој е и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за функцијата на претстојните Локални избори на 19 октомври.
„Ретко сме заедно, уште поретко имам прилика да ја исполнам нивната желба. Овој пат ден поминат со Јован и Антониј. Заедно тројцата во Будимпешта, му ветив на Антониј дека ќе го гледаме Роналдо, а утре Португалија ѝ гостува на Унгарија во Будимпешта. На поканата на мојот драг пријател Виктор Орбан го имам задоволството да ги поминам овие два дена со Јован и Антониј во Будимпешта. Се гледаме во среда кај Боби во Гази Баба на настан. Вечна Македонија“, објави Мицкоски на Инстаграм, со самослик од него со синовите во ресторан.