Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите
ПОЛИТИКА

ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите

Објавено September 10, 2025 15:59
Сподели
Сподели

По иницијативата за намалување на банкарските трошоци, уште еден предлог на Либерално-демократската партија (ЛДП) добива реализација, службените возила добиваат посебни регистарски таблички.

Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, потврди дека сите институции ќе мора да ги заменат табличките до крајот на годината. Првичниот рок од 15 септември е продолжен до 29 септември, а како конечен датум се споменува 31 декември, кога Министерството за внатрешни работи треба да го финализира регистарот на возилата.

Новите црвени таблички со жолти ознаки ќе важат за сите возила во државна сопственост, а жолтите со црвени ознаки за специјални намени. Иако правилникот не предвидува казни за институциите што ќе доцнат, новите ознаки ќе станат задолжителни при првата регистрација. Според проценките, државата располага со околу 7.500 службени возила, но точната бројка ќе биде позната по изработката на регистарот.

За ЛДП, оваа мерка е јасна порака дека јавните ресурси не се лична привилегија на малкумина. Ова е петти наш предлог прифатен од државните претставници во изминатата година, по иницијативите за референдум за отповикување градоначалници, толкувањето на заклучоците од ЕУ и одложеното дејство на уставните измени, намалувањето на банкарските провизии и зголемените инвестиции во домашната одбранбена индустрија.

Апелираме институциите навремено да ја завршат постапката и да ги заменат регистарските таблички во законскиот рок. Само така, со транспарентно работење и институционална дисциплина можеме да ги спречиме злоупотребите во иднина и повторно да ја вратиме довербата на граѓаните во институциите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Kакаото благотворнo против деменција
Следна Статија Мицкоски: Очекувам убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Петровска до Мицкоски: Среќна нова 1949!

Пратеничката Славјанка Петровска во краток коментар на постот на Мицкоски само му порача дека спорот завршил во едно рочиште… Премиере,…

June 30, 2025
ПОЛИТИКА

Ахмети бара избор на Влада со двојно мнозинство и целосен ветинг со меѓународен надзор

Избор на Влада со двојно мнозинство и примена на Бадентеровиот принцип при одлучувањето во Уставниот суд. Ова се клучните политички…

December 20, 2025
ПОЛИТИКА

Филков: Димитриевски ќе биде наш кандидат за градоначалник на Куманово

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор Филков вели дека преговорите за настап на претстојните локални избори во рамки на…

June 6, 2025
ПОЛИТИКА

„ШУКОВА И ЗАЕВ УШТЕ ВО 2020 ГОДИНА ВЕТУВАА РЕШЕНИЕ ЗА ВАРДАРИШТЕ“ Зошто ги лажеа граѓаните на Скопје?

Заев, Шукова и СДСМ, уште во 2020 година ветуваа решавање на Вардариште, кое беше дел од програмата на работата на…

September 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?