Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шабан Салиу објави кандидатура за градоначалник на Шуто Оризари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Шабан Салиу објави кандидатура за градоначалник на Шуто Оризари
ПОЛИТИКА

Шабан Салиу објави кандидатура за градоначалник на Шуто Оризари

Објавено September 11, 2025 10:18
Сподели
Сподели

Претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР),  Шабан Салиу, синоќа ја промовираше својата кандидатура за градоначалник на општина Шуто Оризари.

„Стојам тука пред вас исполнет со гордост и благодарност. Шуто Оризари е единствената општина во светот водена од ромската заедница, место каде секој камен шепоти приказни за нашата историја, култура и непокорен дух. Денес заеднички носиме одлука за нашата иднина, за чесно и одговорно управување со нашата општина,“ порача Салиу во неговиот говор пред жителите на општина Шуто Оризари.

Салиу најави дека приоритет ќе биде изградба на инфраструктура која ќе донесе квалитетен живот за сите жители, како што се асфалтирани улици до секој дом, проширен водовод и канализација, LED осветлување и безбедни пешачки патеки, како и нови социјални станови за семејствата што долго чекаат покрив над глава.

„Посебно внимание ќе биде посветено на образованието и културата преку изградба на модерно основно училиште, поддршка на културните институции и создавање услови младите да ја носат ромската традиција во срцето, а знаењето да го градат според најсовремените методи“, истакна Салиу.

Салиу наајави и формирање на мобилен здравствен тим, целосна обнова на амбулантата, изградба на дом за повозрасни и формирање на Фонд за поддршка на ранливите семејства.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Светот денес се сеќава на 11 септември: Потресни снимки од последните извештаи од 2001 година
Следна Статија ВМРО-ДПМНЕ: Шукова 7 години беше одговорна за животната средина и не направи ништо

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Нема реконструкција на Владата пред локалните избори, изјави Мицкоски

Владата нема да се реконструира пред локалните избори, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција…

April 7, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски за обвинувањата на опозицијата: Луѓето коишто распродадоа од знаме до име, немаат кредибилитет да судат

Луѓето коишто распродадоа сѐ што можеше да се распродаде во минатото, а којашто претставува идентитетска одредница, почнувајќи од знамето, завршувајќи…

July 10, 2025
ПОЛИТИКА

Тошковски: Граѓаните многу добро знаат кој дозволи бандити да се пресметуваат по улиците на Скопје

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски реагира на обвинувањата од СДСМ „100 дена Влада на Мицкоски а 300 скандали, најмногу…

October 6, 2024
ПОЛИТИКА

Жерновски: Одлуката на САД за визите е аларм- политиките за изолација скапо ја чинат Македонија

Видовме 24 часовен молк на премиерот Мицкоски којшто го снема од политичката сцена цел ден, вчера не можевме никаде да…

January 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?