Комбе кое превезувало работници утринава излетало од мостот на Балатилиска Река на експресниот пат Штип-Радовиш.
Според првичните информации има починати и повредени лица.
Во моментов на терен се две возила на Итната медицинска помош, тим од пожарникарите на ТППЕ-Штип и полициски службеници од Полициската станица во Штип.
Во текот на денот се очекуваат детали за оваа тешка сообраќајна.