Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сијарто: Само изговор им е дека консензусот е пречка за проширувањето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Сијарто: Само изговор им е дека консензусот е пречка за проширувањето
СВЕТ

Сијарто: Само изговор им е дека консензусот е пречка за проширувањето

Објавено October 15, 2024 16:20
Сподели
Сподели

Идеална ситуација би била ако Македонија и Босна и Херцеговина одржат меѓувладини конференции за старт на преговорите до крајот на годината, изјави денеска во Луксембург унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто по одржувањето на Втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, со што земјата практично ги започна пристапните преговори по кластери.

Но, тоа не зависи само од нас, само од претседателството (со ЕУ), не зависи ниту од комесарот, туку зависи од консензусот на сите 27 земји членки, рече Сијарто на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

Во одговор на новинарско прашање дали не би било подобро ако во процесот на проширување на блокот се укине принципот на консензус при одлучувањето, Сијарто рече дека оние земји членки кои тврдат дека консензусот е пречка за проширувањето, во основа само бараат изговор затоа што не се ентузијасти за овој процес.

Верувајте ми, ако треба да ја именувам областа во која лицемерието е на врвот во ЕУ, тогаш тоа дефинитивно е проширувањето, бидејќи слушам како моите колеги зборуваат едно пред јавноста, а друго и меѓу нас. За жал морам да ви кажам дека не сите го кажуваат истото јавно и зад затворени врати, додаде Сијарото.

Според него, укинувањето на принципот на консензус во носењето одлуки би довело до уништување на Европската Унија.

Во случај да се укине консензусот тоа ќе ги потисне помалите или земјите членки од средна големина, затоа што во случај ако нема потреба од консензус, големите би одлучувале за важни прашања, а работата на помалите или средните земји би била само да кажат „да“, оцени Сијарто, додавајќи дека затоа не е случајно што Европската Унија се заснова на договори и методологии, кои бараат косензус при носењето одлуки за важни прашања.

Тој истакна дека еден од приоритетите на унгарското претседателство се ЕУ е токму проширувањето и денешниот старт на преговорите со Албанија е делумно исполнување на тие планови. Сијарто изрази надеж дека до крајот на годината Албанија ќе може да почне преговори и по втор кластер, како и дека ќе биде остварен напредок во преговарачкиот процес и со Србија, бидејќи, според него, земјата е подготвена за отворање на кластерот поврзан со инклузивниот раст и развој.

Ако двапати патувате во Белград во еден месец ќе видите што значи развој и раст, па оние бирократи што овде се грижат дали Србија е подготвена да го отвори тоа поглавјето јас би предложи да отпатуваат во Белград и ќе видат дека тие се подготвени, рече Сијарто изразувајќи надеж дека оние земји членки на ЕУ кои „се покритични“ кон Србија, нема да прават пречка на таа цел.

Тој додаде дека очекува и Црна Гора да постигне напредок во преговорите, со тоа што би го затворила преговарачкиот процес по неколку поглавја.

Вархеји, пак оцени дека не држи тезата оти ЕУ треба да се реформира пред да ги прими новите членки, потенцирајќи дека процесите на проширување и на реформи може да се одвиваат паралелно.

Сегашната институционална поставеност и поставеноста на договорите (на ЕУ) совршено можат да прифатат нови членки. Се уште верувам дека тоа е така и затоа на проширувањето и внатрешните реформи гледаме како на паралелни дебати и најдобро е да ги држиме паралелно, додаде Вархеји.

Тој потсети дека една од обврските на новата Европска комисија ќе биде и изработката на Повеќегодишната финансиска рамка за ЕУ за периодот по 2027 година и во неа треба да се направат големи промени да може Унијата да ги прими новите членки, бидејќи со средствата од тој буџет ќе треба да се покријат трошоците од проширувањето

Мислам дека таа (рамка) ќе биде добар показател кога ЕУ ќе посака добредојде (на нови членки), истакна Верхеји.

Рама изрази надеж дека Албанија до крајот на оваа деценија ќе ги заврши преговорите и ќе се појави на вратата на Европскиот совет како земја членки на ЕУ.

Се разбира, ова многу амбициозно, потребно е многу многу голем обем на работа. Во тесна соработка со Комисијата поставивме патоказ, повторно многу амбициозен, и имаме план, а и исто така сметаме на партнерите да ни помогнат да го постигнеме тоа, рече Рама, додавајќи дека не е целта Албанија да дојде во Брисел, туку стандардите на Европската унија да се донесат во земјата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Рама: Македонија беше понижена, тажен сум што нашите браќа не почнаа преговори
Следна Статија Јаневска: За четири години сите државни студентски домови ќе станат модерни и енергетски ефикасни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Руската воздушна одбрана беше активна кога авионот на „Азербејџан ерлајнс“ се обиде да слета, рече Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските системи за противвоздушна одбрана биле активни кога авионот на „Азербејџан ерлајнс“ се обидел…

December 28, 2024
СВЕТ

Во нападот со нож во Хамбург 17 повредени, од кои четворица се во животна опасност

Седумнаесет лица се повредени, од кои четворица се во животна опасност, во синоќешниот напад во Хамбург кога 39-годшина Германка со…

May 24, 2025
СВЕТ

Дали холандската кралица Максима го исмева Трамп додека стои до него- снимката е хит (ВИДЕО)

Холандската кралица Максима се најде на удар откако на социјалните мрежи се појави видео на кое таа, според многумина, му…

June 27, 2025
СВЕТ

Екстремист или новото лице на толерантна Сирија: Ребрендираниот бивш член на Ал каеда раѓа сомнежи за демократската иднина на земјата

Ахмад ал Шара, порано Абу Мохамед ал Џолани, еволуираше од лидер на разгранок на Ал каеда во ребрендирана фигура што…

December 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?