Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Принцот Хари ја посети Украина: Не можеме да ја запреме војната, но можеме да помогнеме
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Принцот Хари ја посети Украина: Не можеме да ја запреме војната, но можеме да помогнеме
СВЕТ

Принцот Хари ја посети Украина: Не можеме да ја запреме војната, но можеме да помогнеме

Објавено September 13, 2025 10:30
Сподели
Сподели

Британскиот принц Хари вчера ја посети Украина каде пристигна со тим од својата фондација „Invictus Games“ за детално да ги објасни плановите на неговата добротворна организација за помош во рехабилитацијата на ранетите војници.

Ова е второто патување на Хари во Украина годинава, откако во април го посети центарот за ранет воен персонал во Лавов. Хари десет години служеше во британската армија пред да ја основа фондацијата „Invictus Games“, која организира меѓународен спортски настан за воен персонал ранет во акција.

Хари беше поканет во Киев од премиерката Јулија Свириденко и Олга Руднева, директорка на центарот за рехабилитација „Superhumans“, соопшти неговата канцеларија. Тој исто така имаше приватни средби со министерката за прашања на бранителите, Наталија Калмикова, и премиерката, а подоцна положи венец на плоштадот Мајдан, додаде неговата канцеларија.

– Не можеме да ја запреме војната, но можеме да направиме сè за да помогнеме во процесот на закрепнување, изјави Хари за „Гардијан“ во ноќен воз за Киев, додавајќи дека пред патувањето добил дозвола од британската влада и неговата сопруга.

Патувањето се случи на крајот од четиридневната посета на Хари на Велика Британиј, каде после 20 месеци се сретна со неговиот татко, кралот Чарлс.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонија воздржана во ОН за Палестина
Следна Статија Сајкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги комплетираше листите за советници и кандидати за градоначалници, ќе имаме голем успех на изборите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп ја поддржа Такаичи пред предвремените избори во Јапонија

Ретко е американските претседатели јавно да поддржат кандидати во странски избори

February 7, 2026
СВЕТ

Европските лидери не го даваат Гренланд

Лидерите на Франција, Германија, Италија, Полска, Шпанија, Велика Британија и Данска денеска издадоа заедничко соопштение за Гренланд, во која се…

January 6, 2026
СВЕТ

Познатиот поткастер Џо Роган ги налути Украинците, велејќи дека сакаат да започнат Трета светска војна

Џо Роган, еден од најпопуларните подкастери во светот, предизвика бес во Украина откако рече дека Киев и неговите западни сојузници,…

November 27, 2024
СВЕТ

Администрацијата на Трамп се заканува дека ќе му ја одземе акредитацијата на Харвард

Администрацијата на Трамп го ескалираше спорот со Универзитетот Харвард, велејќи дека универзитетот можеби повеќе не ги исполнува стандардите за акредитација…

July 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?