Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп до НАТО: Подготвен сум да воведам санкции кон Русија ако и вие тоа го направите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп до НАТО: Подготвен сум да воведам санкции кон Русија ако и вие тоа го направите
СВЕТ

Трамп до НАТО: Подготвен сум да воведам санкции кон Русија ако и вие тоа го направите

Објавено September 14, 2025 09:55
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата мрежа Truth Social објави „писмо до сите народи на НАТО и светот“, во кое најавува дека е подготвен да воведе силни санкции кон Русија, но само доколку и сите земји на НАТО се усогласат и престанат да купуваат руска нафта.

„Подготвен сум да воведам големи санкции кон Русија кога сите земји членки на НАТО ќе се усогласат и ќе почнат да го прават истото, и кога ќе престанат да купуваат нафта од Русија. Во секој случај, јас сум подготвен да ‘тргнам’ кога и вие ќе бидете. Само кажете кога,“ порача Трамп.

Тој предложи и воведување царини од 50 до 100 проценти на Кина, кои би се укинале откако ќе заврши војната меѓу Русија и Украина. Според него, тоа би помогнало да се скрати руското влијание и побрзо да се стави крај на конфликтот.

„Ова не е моја војна, таа никогаш немаше да започне доколку јас бев претседател. Ова е војна на Бајден и Зеленски. Јас сум тука само да помогнам да се запре и да се спасат илјадници животи,“ додаде Трамп, наведувајќи дека само минатата недела, според неговите информации, во Украина и Русија загинале повеќе од 7.000 луѓе.

Последните недели Трамп значително ја заостри реториката кон државите кои и понатаму купуваат руска нафта, предупредувајќи дека со тоа ја финансираат војната во Украина. На почетокот на август тој воведе дополнителни царини од 25 отсто за Индија поради продолжување на увозот на руски енергенси, директно или преку посредници.

Истовремено, во повеќе наврати ги повика европските лидери целосно да го прекинат купувањето руска нафта, предупредувајќи дека Европа и натаму ѝ обезбедува на Москва милијарди евра годишни приходи.

Трамп предложи и Г7 и Европската унија да воведат високи царини за Кина и за сите земји што продолжуваат да купуваат руска нафта, истакнувајќи дека неговото „трпение кон Путин е при крај“.

Европската унија засега е воздржана кон идејата за воведување царини од 100 отсто на стоката од Индија и Кина, а според дипломатски извори, ваквите екстремни мерки најверојатно ќе бидат одбиени. Наместо тоа, ЕУ се залага за постепено укинување на увозот на руска нафта и гас до 1 јануари 2028 година, со забрана за краткорочни договори што би стапила во сила уште следната година.

Индија, пак, реагираше со критики, обвинувајќи ги САД и ЕУ за двојни стандарди. Владата во Њу Делхи истакна дека, додека ним им се префрла за увоз на руски енергенси, западните држави и понатаму имаат значителна трговија со Русија. И владејачките, и опозициските партии во Индија оценија дека е неправедно земјата да биде изложена на притисок додека слични практики се толерираат на Запад.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија НАУТРО СЕЈАТ СТРАВ, А НАВЕЧЕР ПРАВАТ ЖУРКИ ВО ПАРК Хипокризијата кај СДСМ е сè поизразена, обвини ВМРО-ДПМНЕ
Следна Статија Посипани повеќе од 100 камиони песок и 1.000 тони вода за локализирање на пожарот во Трубарево

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Белата куќа: Трамп целосно ја поддржува офанзивата на Израел во Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп „целосно ги поддржува Израел и израелската војска и акциите преземени во последните денови во Појасот Газа“,…

March 20, 2025
СВЕТ

Конфликтот ескалира: Кличко жестоко го нападна Зеленски

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, даде интервју за „Тајмс“ во кое остро го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски и го…

May 31, 2025
СВЕТ

Потера по четворица осомничени по дрскиот грабеж на „непроценливиот“ накит во Лувр

Во неделата наутро, Париз беше потресен од спектакуларен грабеж во музејот Лувр, каде четворица крадци во рок од само седум…

October 20, 2025
СВЕТ

Меркел повика на директни преговори на ЕУ со Русија

Ангела Меркел ги повика лидерите на ЕУ да преговараат директно со Кремљ за да се стави крај на војната во…

May 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?