Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мираковски: За една недела треба да ги имаме првичните резултати од мерењата за загаденоста на воздухот во скопско Трубарево
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мираковски: За една недела треба да ги имаме првичните резултати од мерењата за загаденоста на воздухот во скопско Трубарево
МАКЕДОНИЈА

Мираковски: За една недела треба да ги имаме првичните резултати од мерењата за загаденоста на воздухот во скопско Трубарево

Објавено September 15, 2025 18:58
Сподели
Сподели

Научниците истражувачи од лабараторијата АМБИКОН при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип за седум дена треба да ги имаат првичните резултати од мерните станици за квалитетот на воздух, кои вчера ги поставија во скопско Трубарево, каде што завчера во пожар изгоре депонија за електронски отпад. Ректорот на УГД и раководител на лабараторијата АМБИКОН, Дејан Мираковски вели дека поставени се два уреди, коишто континуирано, 24 часа, наредните пет денови ќе земаат проби од честичките кои подоцна ќе бидат анализирани. Едната мерна станица се наоѓа на педесеттина метри, а втората е на стотина метра од складиштето за рециклирање на електронски отпад и пластика, на компанијата Ф-Групација во Трубарево, кое изгоре во саботата.

Мираковски вели дека ќе се анализираат 32 елементи, како и никел, кадмиун, арсен, олово и жива.

Анализите вклучуваат целосен хемиски состав-елементарен состав на честичките, како и дополнително се анализираат водорастворливите јононитрати, сулфати, амониуми, хлор, калиуми елементарен јаглерод. Тоа е стандарден сет на анализи коишто ќе ни овозможи заедно со метлите, вклучително и регулираните метали да направиме проценка на квалитетот на воздух во наредните неколку дена, рече Мираковски.

Тој посочува дека во моментов не може да се определи зоната на дисперзија на честичките што се ослободени во воздухот. Тоа зависи од количината и видот на матрејалот што изгорел, но и од атмосферските услови. Првична проценка тешко може да се направи, бидејќи какошто вели Мираковски се уште нема точни информации што точно имало во складот. Забележува дека со согорувањето на литиумските батерии и пластика се формираат и гасови и честички и дел од нив се трајни органски загадувачи.

Не се работи за фабрика, туку за склад и нема точни информации колкави количини имало од материјали внатре. Кога ќе се добијат сите информации може со реверзибилно моделирање да се процени зоната, а може и со директно земање примероци од околината, по некаков распоред и да се утврди колкава е таа зона која преставува ризик. Тоа зависи од многу фактори и било каква дискусија, односно раширувањето во поголем простор ја намалува концентрацијата и не би требало да се очекува некаков хемиски ризик во екстремно голема зона, изјави Мираковски. Тој додаде дека освен на воздхот, предвидено е да се прават анализи и на водата и почвата во регионот. По утврдувањето на овие параметри ќе биде познато дали ќе треба да се врши чистење и санација на евентуално контаминиранат зона.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Со дрон најдени и спасени тројца мотоциклисти кои се изгубиле на планината Осогово
Следна Статија Мицкоски: Благодарение на координираноста на институциите пожарот во Трубарево го изгаснавме за 30 часа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МВР воведе строг дрес-код за вработени и граѓани: Без шорцеви, влечки и тренерки во Одделот за граѓански работи

Министерството за внатрешни работи воведе нов кодекс за облекување кој ќе важи и за вработените и за граѓаните што ги…

May 27, 2026
МАКЕДОНИЈА

Дожд и грмежи- УХМР со најнова прогноза за времето до среда

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Од недела и во деновите потоа…

December 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Скопјани се „надишаа“ црни честички од пожарот во Дрисла

Скопската противпожарна бригада со сите сили се обидува да го локализира пожарот кој вчера изби во депонијата Дрисла. Направен е противпожарен…

September 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

АПЛАУЗ ЗА ВАСЕ: Наместо на одмор, овој пожарникар гасне пожари низ државата

СО КРВ И ЧЕСТ ЗА МАКЕДОНИЈА❗️👌🇲🇰Иако сум на одмор до 3-ти август, срцето не знае за календари и распоред, еве…

July 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?