Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ИЈЗ: Нема радиоактивност во воздухот и почвата во Трубарево, ниту тешки метали во водата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ИЈЗ: Нема радиоактивност во воздухот и почвата во Трубарево, ниту тешки метали во водата
МАКЕДОНИЈА

ИЈЗ: Нема радиоактивност во воздухот и почвата во Трубарево, ниту тешки метали во водата

Објавено September 16, 2025 19:53
Сподели
Сподели

Институтот за јавно здравје изврши вонредно испитување во засегнатото подрачје и во неделата (14.09.25) беа земени примероци, мостри од страна на професионален експертски тим од ИЈЗ за испитување на радиоактивност во вода, почва и воздух како и примероци за испитување на тешки метали во почва, земја и испитување на тешки метали во вода.

„Во текот на вчерашниот ден (15.09.25) ИЈЗ извести дека според резултатите и направените анализи, во земените примероци не е утврдено присуство на радиоактивност во воздух и почва, исто така не е утврдено присуство на тешки метали во вода.

Во текот на денешниот ден (16.09.25) ИЈЗ ги заврши анализите и испитувањата на примероците за испитување на тешки метали во почва како и испитувањата за радиокативност во вода. Од добиените денешени резултати, ве иформираме за следното. Земени се мостри од повеќе локации од засегенатото подрачје за испитување на тешки метали во почва, и тоа: Pb, Cd, As, Ni, Hg Cr, Cu, Zn, Sn, Ba, Be, Co, V, Tl, Mo, Sb. По анализата на резултатите од сите земени примероци, може да се заклучи дека нема отстаптување од референтните вредности за сите испитани 16 тешки метали (Pb, Cd, As, Ni, Hg Cr, Cu, Zn, Sn, Ba, Be, Co, V, Tl, Mo, Sb). Се забалежува зголемување на 2 параметри Cu (бакар) и Zn (цинк) само од едно испитано место, а тоа е површинскиот слој каде што гореле литиумски батерии и истото е во рамките на очекувањата.

Во сите останатите места нема отстапување од референтните вредности за испитаните 16 тешки метали. Исто така, во текот на денешниот ден, како што споменавме погоре во соопштението, се испита и радиоактивноста во примероците од вода и според добиените резултати, нема радиоактивност на земени примероци од вода. Институтот за јавно здравје во најкус можен рок успеа да ги направи потребните анализи.

Истите ќе бидат повторени согласно протоколите во времето предвидено за тоа. ИЈЗ останува во понатамошна координација со Министерството за здравство и со сите надлежни државни институции, и за секоја наредна активност јавноста ќе биде соодветно информирана“, се вели во соопштението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Албанија отвори нов кластер во преговорите за членство во ЕУ
Следна Статија (ВИДЕО) Палестинците масовно се евакуираат од Газа по големата офанзива на израелската војска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ЈСП доби шест еколошки автобуси, донација од Европската унија

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) денеска преку проектот „ЕУ за чист воздух“ доби шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас,…

November 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Муртезани: Немаме поголем пријател и поддржувач на нашата европска интеграција од Грција

Одговорно тврдам дека немаме поголем пријател и поддржувач на нашата европска интеграција од Грција, истакна министерот за европски прашања Орхан…

February 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кочани ни е во фокусот – ќе почнам оттаму, вели новиот министер за здравство Алиу

Министерот најави амбициозен план за реформи во здравството, во пет столбови, па доби новинарско прашање дали би отишол во Кочани…

June 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Актерот Јовановски за журката на Заев и Филипче: Додека браќата од 27 ми, се’ уште се во затвор, некои Богами си се веселат

Не знам каде е оваа журка, но според атмосферата, сигурно излобирале нешто многу важно за Македонија. Мало сутра! Ееј жална…

November 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?