Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ивановска: Неодговорноста и корупцијата се убијците на Росица и нејзиниот татко
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ивановска: Неодговорноста и корупцијата се убијците на Росица и нејзиниот татко
МАКЕДОНИЈА

Ивановска: Неодговорноста и корупцијата се убијците на Росица и нејзиниот татко

Објавено September 18, 2025 15:10
Сподели
Сподели

Убијците на Росица и на татко и имаат име и презиме и се вика неодговорност и корупција, а истрагата, доколку се води професионално, треба да ни покаже кој од овие фактори преовладувал или пак и двата од нив довеле до моментот, Росица веќе да не е меѓу нас, истакна денеска пред МВР поранешната антикорупционерка и кандидат за градоначалник на Општина Центар Билјана Ивановска.

Според неа, корупцијата кај нас е распространета во сите пори во општеството и порача државата да преземе мерки да се раскинат тие, како што рече, заднинско-политички мрежи кои што придонесуваат корупцијата да биде во постојан пораст.

-За тоа е потребна волја и тоа не само политичка, туку многу повеќе и граѓанска волја. Нашите заложби се насочени кон тоа да делуваме во насока на надминување на слабостите кои што придонесуваат да имаме високо ниво на корупција во државата. Пред сѐ мислам на подигнување на нивото на свеста и на интегритетот на граѓаните. Понатаму, институциите крајно време е да профункционираат професионално со сите потребни услови за работа и при тоа да не бидат повеќе заложници на партиско-политичките влијанија, истакна Ивановска.

Нагласи дека очекува внатрешните контроли на институциите кои се вклучени во овој процес, да излезат и да кажат каде потклекнале и да ги кажат со име и презиме одговорните лица кои што придонеле да се дојде до уште една ваква трагедија.

Носителката на листа за град Скопје од Независни заедно, Јана Белчева, пак, рече дека тие двете како носителки на локално ниво се обврзуваат дека во нивното работење ќе постават нов прицинип на работењето со што ќе ја вратат безбедноста кај граѓаните.

Според Белчева, превенцијата е најважната работа на локалната самоуправа и на ниво на општина Центар и на Град Скопје и нагласи дека се обврзуваат дека ќе работат на креирање на безбеден град.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Посета од претставниците на Федералните резерви на Њујорк на Народната банка за зајакнување на меѓународната соработка
Следна Статија Тренчевска: Жените не смеат да живеат во страв, институциите мора да преземат мерки за превенција и спречување на насилството

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Велковски: Има злоупотреби во системот за социјална помош

Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 откри дека има злоупотреби во системот…

October 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сомнежи за шпионажа во Кабинетот на претседателката: Обвинителството чека докази од МВР

Обвинителството за организиран криминал и корупција, со месеци чека одговори од Министерството за внатрешни работи за случајот со сомнежи за…

May 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Зголемувањето на пензиите за 1.000 денари помина на собраниската комисија

Собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади го проследи Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и…

March 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Рекордно ниска излезност: Само 327 бугарски државјани во Македонија гласале на вчерашните предвремени избори во Бугаријa

Рекордно ниска излезност на бугарски државјани во Македонија на вчерашните парламентарни избори кај источниот сосед. Иако според пописот во Македонија…

October 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?