Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почнува кампањата „Катастар до тебе“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Почнува кампањата „Катастар до тебе“
ЕКОНОМИЈА

Почнува кампањата „Катастар до тебе“

Објавено September 18, 2025 16:54
Сподели
Сподели

Агенцијата за катастар на недвижности почнува нова кампања „Катастар до тебе“, а првата промоција ќе се одржи денеска од 16 до 19 часот во Општина Аеродром.

Целта на кампањата е институцијата да се доближи до граѓаните преку директна комуникација, отвореност и транспарентност. На овој начин, граѓаните ќе имаат можност да поставуваат прашања и да добијат јасни и прецизни одговори од стручни лица, како и информации за постапките што ги спроведува Агенцијата.

За време на настанот, државни службеници и раководители од Агенцијата ќе бидат достапни за разговор и советување, со цел полесно да им помогнат на граѓаните во решавање на нивните дилеми и прашања поврзани со катастарските услуги.

Со кампањата „Катастар до тебе“, агенцијата ја потврдува својата посветеност за поголема близина до граѓаните, унапредување на довербата и обезбедување поефикасни и поедноставни услуги за физичките и правните лица. Во рамки на кампањата е предвидено да се посетат сите општини во државата, информираат од катастар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Правеле далавери со давачките за увоз на половни возила: Кривични за 11 лица во Куманово
Следна Статија Жените во Македонија, но и во светот, помалку платени од мажите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Минимално покачување на трошоците за живот: Синдикалната кошница порасна за 790 денари во јуни

Минималните трошоци за живот на едно четиричлено семејство во јуни се зголемени за 790 денари во однос на претходниот месец,…

June 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

„Реплек“ на најпрестижниот саем за фармација CPHI – потврда за конкурентноста, квалитетот и интернационалниот потенцијал

Портфолиото на фармацевтската компанија „Реплек“ и оваа година предизвикува голем интерес на CPHI саемот за фармација, кој од 28-ми до…

October 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Со измените на законот за ангажирање на лица ќе се регулира работниот однос и на лицата кои се пензионирани и на студенти

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавените измени на законот за…

March 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ја зголемуваме енергетската ефикасност преку искористување на обновливи извори на енергија, велат од Владата

На 50 училишта на територија на Македонија во текот на летниот период ќе се постават фотоволтаични панели, соопшти Владата. Во…

June 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?