Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Додик повеќе не е претседател на Република Српска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Додик повеќе не е претседател на Република Српска
БАЛКАН

Додик повеќе не е претседател на Република Српска

Објавено September 19, 2025 20:18
Сподели
Сподели

Потпретседателот на Република Српска (РС) од хрватскиот народ, Давор Прањиќ (ХДЗ БиХ), потпиша указ за прогласување на Законот за измени и дополнувања на Законот за полиција и внатрешни работи, со што официјално јасно се стави до знаење дека Милорад Додик му ги префрлил своите овластувања, јавија регионалните медиуми.

Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина (ЦИК БиХ) му го одзеде мандатот на Додик како претседател на РС врз основа на конечна пресуда на Судот на БиХ.

Указот за прогласување на законот со целиот текст на законот е објавен во денешниот Службен весник на РС.

Иако Додик и владејачката коалиција ја отфрлија одлуката на ЦИК да му го одземе претседателскиот мандат и да распише предвремени избори за претседател на РС на 23 ноември, фактот што потпретседателот Прањиќ го потпиша указот за прогласување на законот значи дека Милорад Додик ја признал и одлуката на Судот на БиХ и одлуката на ЦИК дека тој повеќе не е претседател на РС.

Владејачкото мнозинство во Народното собрание на РС донесе заклучоци со кои не ја признава одлуката на Судот на БиХ, кој го осуди Додик на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење јавна функција поради неспроведување на одлуките на високиот претставник во БиХ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Минчев: Државата ќе ја намалува администрацијата за 40 отсто
Следна Статија Мицкоски: Не прифаќаме зголемување на платите на судиите и обвинителите, имаат само 2 отсто доверба!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Пронајдена мртва ТВ водителка од Босна и Херцеговина

Во стан во Зеница утрово е пронајдено безживотно тело на 48-годишната Алма Хускиќ, долгогодишна уредничка и водителка на Радио-телевизија Зеница.…

April 15, 2026
БАЛКАН

Хаос во Нови Сад: Деканот на факултетот со маскирани луѓе ги скрши прозорците за да влезе во зградата (ВИДЕО)

Драматична сцена се случи утрово во Нови Сад на Факултетот за спорт и физичко образование (ДИФ), каде што студентите во…

September 1, 2025
БАЛКАН

Каде исчезна Гинисовиот лустер од хотелoт „Југославија“

Хотелот „Југославија“ во Белград, еден од симболите на моќта и престижот на поранешна Југославија, кој во тоа време го посетија…

January 13, 2025
БАЛКАН

Како српски медицински работник го спасил животот на македонско девојче на плажа во Грција (ВИДЕО)

Како српскиот медицински работник Саша Костиќ го спасил животот на четиригодишно македонско девојче на плажа во Грција. Костиќ случката со…

June 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?