Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денес се празнува празникот посветен на раѓањето на Пресвета Богородица: Заштитничка на жените, се верува дека помага на тие што немаат деца
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Денес се празнува празникот посветен на раѓањето на Пресвета Богородица: Заштитничка на жените, се верува дека помага на тие што немаат деца
МАКЕДОНИЈА

Денес се празнува празникот посветен на раѓањето на Пресвета Богородица: Заштитничка на жените, се верува дека помага на тие што немаат деца

Објавено September 21, 2025 09:12
Сподели
Сподели

Мала Богородица е еден од дванаесетте големи празници во православието и го слави раѓањето на Пресвета Богородица. Според преданието, таа е родена во Назарет од благочестивите и бездетни родители Јоаким и Ана, како одговор на нивните долги молитви.

Култот на Пресвета Богородица има особено значајно место кај Македонците. Македонскиот народ, како и сите христијани, со голема почит ги празнува празниците посветени на Богородица, мајката на Спасителот Исус Христос. Тоа е присутно и во народните умотворби, и во верувањата и обичаите. Затоа голем број цркви низ Македонија го носат нејзиното име, а нејзините празници, покрај со црковни свечености, традиционално се прославуваат и со народни собири, панаѓури и веселби што во минатото траеле и по неколку денови.

Македонскиот народ со достојно внимание секогаш ги одбележува празниците поврзани со името на Пресвета Богородица: Мала и Голема Богородица, Воведение на Пресвета Богородица (познат уште и како Света Пречиста), Благовештение, Богородичин појас, Покров на Пресвета Богородица, Собор на Пресвета Богородица и други.

Во народот постои и верување дека Пресвета Богородица им помага на жените што немаат деца. Затоа многу од нив оделе во црквите посветени на неа и се молеле пред нејзините икони, надевајќи се на исполнување на своите молитви.

Обичаи на Мала Богородица

Во народот овој празник се одбележува со живописни обичаи посветени на раѓањето. Некои семејства неколку дена остануваат во празнична облека и расположение, особено во краевите каде што се одржуваат саеми по повод Мала Богородица.

Се верува дека ако за овој празник времето е ведро, сонцето ќе не грее и за време на есента, но и во зима. Жените на овој ден традиционално не треба да чистат дома, да перат или да извршуваат други тешки работи.

Мала Богородица се вбројува меѓу 36-те големи црковни празници, а во црковниот календар е обележана со црвени букви.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Црвена Звезда го победи Партизан во 177-тото вечно дерби (ВИДЕО)
Следна Статија Британскиот премиер ќе објави формално признавање на Палестина како држава

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Граѓаните да пријават дека не можат да искористат закажан лекарски преглед во Мој термин за да се намалат листите на чекање

Се бара решение за проблемот со закажани термини во јавното здравство, на кои не се појавуваат пациенти, изјави денеска заменик…

November 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сопствениците на опожарениот авто сервис во Пинтија собираат донации за да ја исплатат штетата на клиентите

Сопственичката на авто сервисот во Пинтија во кој беше подметнат пожар утрово на Фејсбук сподели дека собираат донации за да можат што…

September 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Утре ќе биде распишан оглас за нов претседател на Антикорупциска

Како што се наведува во информацијата од Собранието, рокот за пријавување ќе трае 10 дена, а понатамошните фази од постапката…

August 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Митева: Издадени 28 решенија за привремена забрана за работа, неправилности констатирани кај 17 субјекти со лиценца

Како Влада сме посветени на обезбедување на целосна транспарентност и точност пред јавноста и внимателно ги следиме сите институционални чекори…

April 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?