Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Булмак 2016“ вработува рудари, машинобравари и електричари во рудниците „Злетово“ и „Тораница“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > „Булмак 2016“ вработува рудари, машинобравари и електричари во рудниците „Злетово“ и „Тораница“
ЕКОНОМИЈА

„Булмак 2016“ вработува рудари, машинобравари и електричари во рудниците „Злетово“ и „Тораница“

Објавено September 22, 2025 14:25
Сподели
Сподели

Компанијата „Булмак 2016“ од Пробиштип, оператор на двата рудници „Злетово“ и „Тораница“, поради зголемување на производството бара нови работници. Со оглед на континуираната потреба од свеж кадар во компанијата, огласот ќе остане активен во текот на целата година.

Потребни се:

рударски работници,
машинобравари и
електричари.

Компанијата за сите вработени обезбедува превоз и топол или ладен оброк, а секој вработен добива и соодветна заштитна опрема. Работата се изведува во три смени (07:00 – 15:00; 15:00 – 23:00; 23:00 – 07:00), а трудот во ноќна смена, недела и празници се плаќа согласно законската регулатива. За новите кадри се предвидени обуки и можности за унапредување, со што компанијата настојува за своите вработени да обезбеди не само сигурност на работното место, туку и професионален развој.

Заинтересираните кандидати може да достават пријава на е-пошта office@bulmak2016.com.mk или лично во управната зграда на компанијата во Пробиштип, на улица „Јаким Стојковски“ бр. 2. За дополнителни информации на располагање е и телефонскиот број 032/441-300.

„Булмак 2016“ ДООЕЛ е дел од бугарската групација „Минстрој Холдинг“ и ги управува двата рудници за оловно-цинкова руда во земјата, „Злетово“ во Пробиштип и „Тораница“ во Крива Паланка. Со повеќе од 700 вработени, компанијата е еден од најзначајните работодавачи во источниот регион.

Годишното производство во рудниците под управување на „Булмак 2016“ изнесува над 600.000 тони руда, што значително придонесува за извозот на олово и цинк од Македонија. Рудникот „Злетово“ е воедно и најстариот рудник во земјата, со долгогодишна традиција која претставува дел од индустриското и културното наследство на регионот.

Рудниците претставуваат столб на локалната економија и важен извор на приходи за општините, а компанијата активно инвестира во заштита на животната средина и во подобрување на условите за своите вработени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Промена на времето од четврток: Дожд, грмежи и пад на температурите
Следна Статија Скопје меѓу десетте „најпотценети туристички дестинации“ во светот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Берзата достигна досега невиден врв – Dow Jones премина 50.000 поени

Dow Jones Industrial Average заврши на историски рекорд од 50.115,67 поени во петок, со пораст од над 1.200 поени за…

February 8, 2026
ЕКОНОМИЈА

Македонија првпат добива Методологија за енергетска сиромаштија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини доби позитивен одговор од Секретаријатот на Енергетската заедница за драфт-верзијата на Методологијата за…

September 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе влијае врз цената на нафтата и во Македонија

Војната меѓу Израел и Иран ќе има влијанија врз цената на нафтата и во Македонија, смета претседателот на Регулаторната комисија…

June 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јапонците ќе јадат американски ориз за пониски царини на автомобилите

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба за намалување на царините за увоз на јапонски автомобили и други производи,…

September 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?