Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АХВ: Водата во Струмица не е безбедна за употреба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > АХВ: Водата во Струмица не е безбедна за употреба
ЗДРАВЈЕ

АХВ: Водата во Струмица не е безбедна за употреба

Објавено October 16, 2024 17:00
Сподели
Сподели

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги доби резултатите од земените мостри вода од 8 мерни места во рамки на спроведениот вонреден инспекциски надзор на АХВ на акумулацијата “Турија” на 4 овој месец, а од каде ЈКП “Комуналец” Струмица ја обезбедува водата за градскиот водовод во Струмица.

Ниту една од осумте анализирани мостри во лабораториите на Ј.З.У Институт за јавно здравје на Република Македонија, не одговараат на параметрите за безбедност во однос на испитаните параметри од физичко – хемиската анализа.

Мострата вода после таложник, земена од фабриката за обработка на вода Струмица не е безбедна поради утврдена зголемена содржина на амонијак и манган, исто како и земените мостри од ЈКПД Комуналец Стопански двор Струмица и мострата од резервоар Св. Петнаесет – Струмица.

Поради зголемени вредности на параметрите матност и присуство на амонијак не е безбедна ниту сировата вода земена од фабриката за обработка на вода –Струмица, а поради зголемена матност, присуство на амонијак над дозволените граници и утврдено значително зголемено присуство на манган, небезбедна е и мострата вода која е земена фабриката за обработка на вода од ЈКПД Комуналец Струмица земена пред таложник.

Зголемена содржина на манган утврдена е и кај анализираните мостри вода земени после филтри од ЈКПД Комуналец Струмица, фабрика за обработка на вода, површинска вода – зафатна вода од акумулација Турија, кај која е утврдено и зголемена матност. Согласно резултатите од ЈЗУ Институт за јавно здравје, ниту овие две мостри не одговараат на законските и стручни прописи во однос на испитаните параметри од физичко – хемиската анализа.

Поради небезбедност, на сила останува изречената забрана од Агенцијата за храна и ветеринарство за употреба на водата за пиење од водоводната мрежа на ЈКПД Комуналец од Струмица, стои во соопѓтението од АХВ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Aдвокатот на Ѓорчевски: Таткото на Вања бил физички малтретиран во присуство на началникот кој сведочеше
Следна Статија Парче од мобилниот на Вања бил пронајден во „цитроенот“ на Панче

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Мицкоски за Меморандумот на Владата и СЗО: Испраќаме силна порака дека здравјето е фундаментално право

Денес ја зајакнуваме една од најважните стратешки соработки за нашата држава – партнерството помеѓу Владата на Македонија и Светската здравствена…

December 1, 2025
ЗДРАВЈЕ

Пет начини на кои инјекциите за намалување на телесната тежина ги менуваат навиките на потрошувачите

Со растечката популарност на GLP-1 лековите, како бизнисите се прилагодуваат на нов тип потрошувачи?

January 26, 2026
ЗДРАВЈЕ

Истражување тврди дека оваа едноставна промена во секојдневната исхрана го намалува ризикот од смрт за 17 проценти

Замената на дневниот внес на путер со одредени растителни масла, како што е маслиновото масло, може да помогне да се…

March 9, 2025
ЗДРАВЈЕ

Дали да ја пијат водата или не – Кого да слушаат стумичани?

Кого да слушаат жителите на Струмица дали да ја пијат водата? Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат не. Од…

October 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?