Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова: Успешни Македонци претприемачи придонесуваат за зближување на американските и балканските бизнис заедници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова: Успешни Македонци претприемачи придонесуваат за зближување на американските и балканските бизнис заедници
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Успешни Македонци претприемачи придонесуваат за зближување на американските и балканските бизнис заедници

Објавено September 23, 2025 15:02
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на САД, по повод 80. Сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, во Њујорк приуствуваше на приемот организиран од Американско-балканската стопанска комора. Претседателката на приемот беше придружувана од шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски.

– Драго ми е што успешни Македонци, претприемачи од САД се иницијатори на оваа стопанска комора и придонесуваат за зближување на американските и балканските бизнис заедници, како и за меѓусебна соработка на земјите од регионот. Верувам дека регионално најлесно можеме да се интегрираме во ЕУ. Соработувајте меѓусебе и промовирајте ги македонските инвестициски потенцијали. Ние сме мала земја, но со одлична локација и со одлични услови за инвестирање, порача Сиљановска-Давкова на приемот на Американско-балканската стопанска комора.

Таа денеска во Њујорк ќе има обраќање и на годишниот самит на Конкордија. Според програмата, како што јави известувачот на МИА, Сиљановска – Давкова ќе се обрати и на Светскиот лидерски форум при Универзитетот Колумбија во Њујорк.

По обраќањата, претседателката ќе присуствува на приемот организиран од страна на Постојаната мисија на Австрија при ОН, во присуство на австрискиот претседател, канцеларот и министерот за надворешни работи, а по повод кандидатурата на Австрија за членство во Советот за безбедност на ОН (2027-2028).

За вечерва, по локално време, најавено е присуство на претседателката Сиљановска – Давкова на приемот што го приредува американскиот претседател Доналд Трамп.

Во текот на вчерашниот ден претседателката имаше обраќање на состанокот на високо ниво по повод 30-годишнината од Четвртата светска конференција на жените, на тема „Повторна посветеност, обезбедување ресурси и забрзување на имплементацијата на Пекиншката декларација и Платформата за акција за постигнување родова еднаквост и зајакнување на сите жени и девојчиња“.

Сиљановска- Давкова присуствуваше и на ручекот „Women Rise for All“ приреден од заменик генералната секретарка на ОН, Амина Мохамед, на приемот во чест на шефовите на делегации од Југоисточна Европа, организиран од Американско – балканската стопанска комора, како и на вечерата на високо ниво во рамки на Годишното заседание на Платформата на жени лидери при ГС на ОН.

Претседателката Сиљановска-Давкова, во рамки на неколкудневната посета на САД, во четврток ќе се обрати на генералната дебата и ќе учествува на повеќе самити, лидерски форуми и состаноци на високо ниво, што се одржуваат по повод 80. Генерално собрание на ОН.

За време на работната посета на САД, претседателката Сиљановска – Давкова ќе престојува и во Детроит.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ристески: Пазарниот инспекторат редовно прави анализа на цените
Следна Статија Европската агенција за лекови ги отфрли тврдењата на Трамп дека парацетамолот предизвикува аутизам

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Трамп и честиташе на Сиљановска Давкова за Денот на независноста

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во објава на Фејсбук сподели дека претседателот на САД Доналд Трамп и упатил честитка по повод…

September 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Стабилна е состојбата на сите 15 македонски пациенти кои се хоспитализирани во Бугарија

Состојбата на сите 15 повредени во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Бугарија, е стабилна, изјави синоќа бугарскиот министер…

March 24, 2025
СВЕТ

Секој од двата уништени американски авиони во Иран чинеше над 100 милиони долари

Секој од авионите што ги користеа Соединетите Американски Држави за време на спасувачката мисија во Иран, а кои подоцна беа…

April 6, 2026
МАКЕДОНИЈА

31,16 проценти од запишаните гласачи гласале до 15 часот

До 15 часот на локалните избори своето право на глас го искористиле 31,16 проценти од запишаните гласачи во избирачкиот список.…

October 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?