Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Бруто и нето платата во јули е за повеќе од 10,5 % поголема од јули 2024 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Бруто и нето платата во јули е за повеќе од 10,5 % поголема од јули 2024 година
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Бруто и нето платата во јули е за повеќе од 10,5 % поголема од јули 2024 година

Објавено September 24, 2025 10:53
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше во посета на општина Ѓорче Петров каде присуствуваше на увид во градежни активности на спортска сала во ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населбата Хром. На новинарско прашање премиерот Мицкоски за движењето на просечната плата по објавениот податок на Државниот завод за статистика даде свој коментар.

-Секогаш како Влада треба да работиме повеќе за да обезбедиме дополнителни средства, а обезбедиме таква средина за бизнисот да се развива за да можат работниците да добијат повисока плата, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека е важно сите оние тези на СДСМ дека платата не растела, дека долгот се зголемува и дека сме ги задолжиле неродените генерации со 7 милијарди, но полека и сиргурно како меур од сапуница се распрснуваат.

– Вчера Државниот завот за статистика објави податок дека и бруто и нето платата во јули е за повеќе од 10,5 % поголема од јули 2024 година, кој што беше и впрочем и прв месец од оваа Влада. Така што тезата на СДСМ дека платите воопшто не растеле, туку и се намалувале не држат вода. Исто така СДСМ има уште една теза, повторно лажна, а тоа е дека сме ги задолжиле неродените генерации, Министерството за финансии излезе со јасен диаграмски приказ колкав е процентот на државниот и јавниот долг од Бруто домашниот производ.

Тој потенцира дека многу лесно може да се забележи дека на крајот од вториот квартал заклучно со месењц јули 2025 година, за прв пат после многу време и државниот и јавниот долг се намалени, едниот за 4%, другиоит за 2,7%.

-Мојата препорака до СДСМ е да бидат конструктивна опозиција, да нучат од грешките од минатото и да не ги повторуваат, и набругу од денеска да бидат фактор кој ќе им служи на граѓаните пред се, додаде Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Откако Трамп ја нарече Русија „хартиен тигар“, пристигна реакција од Кремљ: Русија е мечка
Следна Статија Јаневска потврди: Затворен Факултетот за бизнис и економија, контролите на образовните институции продолжуваат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Почнува кампањата „Катастар до тебе“

Агенцијата за катастар на недвижности почнува нова кампања „Катастар до тебе“, а првата промоција ќе се одржи денеска од 16…

September 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Независноста не е само потпис на хартија, таа е жртва, борба, љубов кон оваа света земја

8 Септември не е само датум и никако не е случајност, туку континуитет на жедта на еден од помалите народи…

September 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Дурмиши: Во завршна фаза е изработка на официјална потрошувачка кошница за четиричлено семејство

Во завршна фаза е изработка на официјална потрошувачка кошница за четиричлено семејство, со цел да се дефинираат реални социјални и…

June 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Владата објави повик за две мерки за поддршка на почнување сопствен бизнис

Објавен е повикот од Оперативниот план за вработување за 2025 година што се однесува на две мерки, едната за лица…

June 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?