Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Германец скршил 5 пршлени на р’бетот при параглајдинг несреќа на Галичица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Германец скршил 5 пршлени на р’бетот при параглајдинг несреќа на Галичица
ХРОНИКА

Германец скршил 5 пршлени на р’бетот при параглајдинг несреќа на Галичица

Објавено September 25, 2025 11:27
Сподели
Сподели

Планинската спасителна служба Охрид извести дека вчера, околу 18:30 часот, добила повик од група параглајдеристи кои летале од падините на Галичица.

Тие пријавиле дека нивниот пријател, државјанин на Германија, од засега непознати причини доживеал тежок пад од поголема височина, на исклучително непристапен и карпест терен.

„За голема среќа, тројца спасители на ПСС во тој момент престојуваа во планинарската куќа „Спиридон“, каде е лоцирана и спасителната станица на ПСС, опремена со специјализирана техничка опрема за интервенции во овој регион. Веднаш по дојавата, екипата за само 15 минути стигна до местото на несреќата, изврши имобилизација на повредениот и започна комплексен транспорт по стрмен и тежок терен. Дополнителна отежнувачка околност беа и ноќните услови во кои се одвиваше целата акција.

По повеќе од еден час напорна интервенција, во 20:20 часот, повредениот беше безбедно спуштен до асфалтниот пат кај превојот Баба, каде беше предаден на екипа на Итната медицинска помош од Охрид. Од таму, тој веднаш беше пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, каде, за жал, му беа констатирани фрактури на пет пршлени во долниот дел на рбетот“, велат од Планинската спасителна служба.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Колкави приходи имале Алфа, Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма лани
Следна Статија Пијаните возачи ќе одговараат кривично, заострување на казните

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Почина осуденик од 27 април за претепувањето на Села

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден во предметот за настаните од „27 април“. Тој издржуваше 13-годишна затворска казна за претепувањето на Зијадин…

November 1, 2025
ХРОНИКА

Хајрулахи : Категорично ги отфрлам сите наводи од денешното обвинение, ниту сум малтретирал ниту сум навредувал некого

Најкатегорично ги отфрлам сите наводи од предметното обвинение, во ниту еден случај никого ниту сум малтретирал ниту сум навредувал, вели…

September 9, 2025
ХРОНИКА

Македонски параглајдерист го фатило невреме, завршил во Албанија

Пограничната полиција од Корча му помогна на македонски параглајдерист кого го зафатило вчерашното големо невреме и го однело на албанска…

August 31, 2025
ХРОНИКА

39-годишен возач и малолетничка повредени откако со автомобил излетаа во Вардар кај Челопек

Тетовец и малолетничка се телесно повредени откако автомобил синоќа излета во водите на Вардар во тетовско. Од полицијата информираат дека…

April 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?