Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Радарот на Скопскиот аеродром е целосно функционален, за само три дена решивме проблем кој траел 30 години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: Радарот на Скопскиот аеродром е целосно функционален, за само три дена решивме проблем кој траел 30 години
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Радарот на Скопскиот аеродром е целосно функционален, за само три дена решивме проблем кој траел 30 години

Објавено September 25, 2025 14:27
Сподели
Сподели

Радарот на Скопскиот аеродром утрово повторно е ставен во функција и проблемот е решен за само три дена. Сите безбедносни протоколи се испочитувани овие денови и сообраќајот се одвива безбедно. Проблемот постои триесетина години, зошто претходната Влада седум години не го решила проблемот и зошто не е инсталиран новиот радар кој е набавен, – истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, при денешната работна посета на Кавадарци.

“ Од утрово имаме целосно функционален радар на Скопскиот аеродром и на тој начин проблемите се решени. Проблемот успеавме да го решиме во рекордно време од само три дена и уште повеќе да детектираме една работа која што можеби не и беше позната на јавноста, а тоа е дека и досега, седум години наназад, овој радар работел само со еден канал. Во овие три дена, со заедничка координација, на повеќе ресори од Владата, како и со активна работа на раководството на М-НАВ, како и во пријателска работа и помошта од контролата за летање од Бугарија, како и Владата на Италија успеавме да најдеме решение и сега двата канали се во функција”, истакна вицепремиерот Николоски.

“ Сите безбедносни протоколи беа испочитувани овие три дена и гледате дека најнормално слетуваа и полетуваа авиони од сите авио компании и така ќе продолжи да биде и во иднина” додаде Николоски.

Заменик претседателот посочи дека моменталниот радар е 27 години стар и за истиот престанале да се произведуваат делови уште пред седум години. Исто така праша зошто претходната Влада на СДСМ не го инсталирала новиот радар кој е набавен, пристигнат во Скопје и стои во депо. Тој ја повика опозицијата да не шири паника помеѓу граѓаните.

“ Навистина е на раб на чудо како успеавме да набавиме резервни делови. И во исто време да прашам, зошто претходната Влада на СДСМ не го инсталираше целосно новиот радар кој што е пристигнат во Скопје од компанијата “Леонардо” и стои немонтиран. Еве да најавам дека на следната седница на Влада во вторник, ние ќе донесеме одлука со која што ќе пристапиме кон монтирање на истиот” рече Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: „Кросрејл“ ќе биде техничка поддршка за целокупното работење на Македонски железници инфраструктура и тоа ќе биде грант, односно подарок од британската Влада
Следна Статија Ѓорѓиевски: „SKOPJE CITY GO“, Мал Ринг зона без автомобили, град без депони – современо и паметно урбано Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид

Од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)  велат дека во моментов нема отстапка од планираниот период за ставање во функција…

June 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филков најавува зголемување на старосната граница за пензионирање на судиите

Министерот за правда, Игор Филков најавува зголемување на старосната граница за пензионирање на судиите. На денешната прес-конференција по повод 100…

October 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Започна надоградба на ООУ „Ацо Шопов“ со што се овозможуваат пристојни услови за школување

Почитувани претставници на медиумите, почитувани приустни, навистина денеска претставува за мене посебен ден бидејќи овде во ова населено место, во…

November 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

Седумдневна жалост по повод трагедијата во Кочани

Седумдневна жалост ќе биде прогласена по повод трагичната несреќа во Кочани во која, според официјалните информации, загинаа 59 лица, а…

March 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?