Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Славески: Народната банка останува цврсто посветена на ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Славески: Народната банка останува цврсто посветена на ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс
ЕКОНОМИЈА

Славески: Народната банка останува цврсто посветена на ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс

Објавено September 26, 2025 11:33
Сподели
Сподели

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, учествуваше на 24. Конференција на Македонска берза, каде што говореше за растечката глобална неизвесност и нејзините импликации врз малите и високо отворени економии, како што е македонската.

Тој истакна дека во постпандемискиот период трговската отвореност на нашата економија во просек достигна околу 150% од БДП, што ја зголемува чувствителноста на промени во надворешното опкружување. Според него, во моментов најизразени се неизвесностите поврзани со новите трговски политики на САД и потенцијалните реципрочни мерки од големите светски економии. Иако директната изложеност кон американскиот пазар е мала, индиректните ефекти преку намалување на побарувачката во ЕУ не се занемарливи. Дополнителна загриженост отвараат можните ефекти врз глобалната инфлација преку синџирите за снабдување и инфлациските очекувања.

– Трговските тензии се надоврзуваат на постојната неизвесност поврзана со геофрагментацијата, политичките нестабилности и состојбата во германската автомобилска индустрија. Дополнително, брзиот развој на технологијата и вештачката интелигенција, кои нудат огромни можности, истовремено можат да предизвикаат и зголемени ризици за монетарната политика во иднина. Во однос на одговорот на монетарната политика на ваквите предизвици, тој подвлече дека е неопходно одлучувањето да се темели на широк спектар на податоци и анализи, изготвување алтернативни сценарија и пред сè –посветеност на ценовната стабилност на среден рок и стабилноста на девизниот курс.

– Народната банка останува подготвена да одговори на евентуални непредвидливи предизвици, потпирајќи се на искуството од справувањето со екстерни шокови во минатото. Од суштинско значење е одржувањето на независноста на централната банка и кредибилитетот на нејзините политики. Солидното ниво на девизни резерви е гаранција за стабилноста на девизниот курс на националната валута, истакна гувернерот.

Славески посочи дека Народната банка ќе продолжи да ги унапредува своите капацитети за справување со предизвиците и дека, иако сите неизвесности не можат да се отстранат, навремено поставување на вистинските прашања е клучно за пронаоѓање на појасна насока за иднината.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Цените oтидоа во плафон, не можат луѓето да живеат повеќе
Следна Статија Крушево домаќин на настан по повод Светскиот ден на туризмот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

На некого ќе му се посреќи: Од Контрола на летање најавуваат нови вработувања

АД во државна сопственост за услуги во воздухопловна навигација М-НАВ денеска соопшти дека презема чекори за доекипирање со кадри, имплементација…

July 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

ССМ: Минималните месечни трошоци во ноември 65.173 денари

Минималните трошоци на едно семејство во ноември изнесуваат 65.173 денари, а со изнајмен стан од 60 квадрати изнесува 80.548 денари.…

November 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

ЖЕЛБА НА СЕКОЈ ПОЛИТИЧАР: Владо Бучковски стана бизнисмен

Поранешниот премиер и поранешен специјален владин претставник за односите со Бугарија, Владо Бучковски, влезе во бизнис-сферата и стана сопственик на…

January 12, 2026
ЕКОНОМИЈА

Владата донесе одлуки за ограничување на маржата на над 1000 производи

Владата донесе одлуки за ограничување на маржата во трговија на големо и трговија на мало на над 1000 производи, и…

February 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?