Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ултиматум од „Маршот за ангелите“: Од 3 октомври нема веќе маршеви, туку блокади и протести
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ултиматум од „Маршот за ангелите“: Од 3 октомври нема веќе маршеви, туку блокади и протести
МАКЕДОНИЈА

Ултиматум од „Маршот за ангелите“: Од 3 октомври нема веќе маршеви, туку блокади и протести

Објавено September 27, 2025 20:03
Сподели
Сподели

Институциите во Република Македонија имаат рок до 3 октомври. Нема да има повеќе мирни маршеви, туку протести и блокади. Ова го изјавија родителите на децата што загинаа во пожарот во дискотеката во Кочани од 24-тиот „Марш за ангелите“.

Родителите на загинатите во пожарот бараат одговори од судските органи, кои доколку не ги добијат во наредните денови, ќе предизвикаат сериозни протести и блокади низ целата земја.

Граѓанското здружение „16 март 2025 Кочани“ потсетува дека маршевите се посветени на нивните 62 ангели, чии животи беа насилно прекинати на 16 март 2025 година.

„Овој марш е симбол на единство, достоинство и глас што бара одговорност. Го посветуваме на ангелите што никогаш нема да бидат заборавени и на борбата за вистината што им ја должиме“, се вели во соопштението.

Маршот денеска започна од Паркот на револуцијата, помина пред Трговскиот центар и зградата на Општина Кочани. Потоа продолжи до Даночната управа со кратка пауза кај кружниот тек, по што колоната продолжи до полициската станица. Потоа оттаму до Основниот суд и Обвинителството, враќајќи се во Паркот на Револуцијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МВР демантира: Не се забошотува случајот за возење со 185 км/ч, напротив, возачот е уапсен
Следна Статија Имало ли „спонзори“ при операцијата за промена на името?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Нова скандалозна одлука на Судскиот Совет: Пајазити казнет само со 30% од плата за случајот со Рамадани

Наместо разрешување или оддалечување од судската функција, само казна од 30 проценти од платата шест месеци. Контроверзна одлука на Судскиот…

April 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Димитриевски: Македонскиот народ и историјата не се предмет на компромис

Намалување на бројот на пратеници во Собранието од 120 на 90, јасна заштита на македонскиот идентитет и продолжување на европскиот…

March 13, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Приоритет е подобрување на здравствената заштита на пациентите, но и враќање на достоинството на медицинската професија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски заедно со владин тим оствари средба со синдикатот на здравствените работници. На…

November 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Трајко Славески именуван за нов гувернер на Народната банкa

Неколку минути пред полноќ, во Собранеито на РМ, Трајко Славески е именуван за гувернер на Народната банка на Македонија. За…

May 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?