Поранешниот градоначалник на општина Центар и амбасадор во Романија, екс заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски на социјалните медиуми тврдеше дека претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се фотографирала со восочните фигури на претседателот на САД Доналд Трамп и неговата сопруга, Меланија Трамп.
„Зарем е можно, откако подолго време разговарала со првиот човек на САД, да не примети дека се тоа восочните фигури на Доналд и Меланија Трамп“, пишува тој на Фејсбук.
Но, по реакцијата на претседателката Силјановска Давкова, Жерновски го избриша својот Фејсбук пост.

Ваквите пиши – бриши објави и дезинформации на политичарот од СДСМ, Андреј Жерновски се во најмала рака несериозни. Како бивш претседател на ЛДП, поранешен пратеник во Собранието, поранешен заменик министер за надворешни работи, во најмала рака пред да објави каква било информација на социјалните медиуми, треба барем да ја провери, а не да ги доведува во заблуда неговите партиски следбеници, а и македонската јавност.
Дали Жерновски со ПИШИ – БРИШИ ОБЈАВИТЕ ви личи на СЕРИОЗЕН ИЛИ ФЕЈСБУК ПОЛИТИЧАР?