Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 18- годишната внука на Трамп почна свој бизнис- продава маици за 120 евра (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > 18- годишната внука на Трамп почна свој бизнис- продава маици за 120 евра (ВИДЕО)
ЗАБАВА

18- годишната внука на Трамп почна свој бизнис- продава маици за 120 евра (ВИДЕО)

Објавено September 28, 2025 09:41
Сподели
Сподели

Каи Трамп, 18-годишната ќерка на Доналд Трамп помладиот, одлучи да ја подигне својата кариера како инфлуенсерка на ново ниво со лансирање на сопствена линија маички, пишува The Cut.

Дизајн и висока цена

Маиците се достапни во три бои, темно сина, бела и црна, а имаат големо лого KT на градите. На фотографиите на Каи како позира на тревникот на Белата куќа, исто така е видливо дека на задната страна од јаката е отпечатен зборот KAI, додека нејзиниот потпис е на манжетната.

Достапни се во два кроја: широк женски крој и потесен унисекс крој. Сепак, она што привлече најголемо внимание беше цената, една маица чини околу 120 евра, што веќе предизвика незадоволство кај коментаторите на TikTok.

Сон што стана реалност

Во објава на Инстаграм, Каи напиша дека оваа колекција е нешто за кое сонувала долго време. „Лансирањето на оваа линија беше толку возбудлив проект“, додаде таа. „Од квалитетот на ткаенината до деталите во дизајнот, сакав да создадам парче што не е само стока, туку основна облека што можете да ја носите насекаде.“ Таа тврди дека нејзините маички можат да се носат за време на вежбање, во училиште, па дури и надвор на вечера

Интересно е што ги нарекла „дуксери со качулка“, иако ниту една од нив нема качулка. Нејзиниот бренд моментално се состои само од овие маички, но се чини многу веројатно дека следниот чекор ќе биде лансирање опрема за голф, со оглед на нејзината страст за спортот.

https://www.instagram.com/kaitrumpgolfer/reel/DPCWmXniDNr

Популарност на социјалните мрежи

Каи доживеа огромен пораст на популарноста на социјалните медиуми откако нејзиниот дедо беше реизбран за претседател. Пред Доналд Трамп да ги освои претседателските избори во 2024 година, неговата најстара внука имаше само 63.000 претплатници на YouTube. Каи Трамп сега има речиси два милиони претплатници. Таа е популарна и на TikTok, каде што има повеќе од три милиони следбеници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Анкета: Граѓаните со позитивно мислење за економска политика на власта
Следна Статија Се заканувал дека ќе ја убие неа, братот и мајка ѝ ако не му даде 15.000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Само најбогатите возат автомобили во Сингапур, цените се астрономски дури и за користените

Сингапур стана синоним за екстремно високите цени на автомобилите, каде возилата се достапни само за најбогатите. На пример, Toyota Corolla…

January 5, 2025
ЗАБАВА

Ричард Гир: Трамп е манијак кој уништува се што е добро

Американскиот актер Ричард Гир, вчера на јавна трибина во Осло го нарече американскиот претседател Доналд Трамп манијак кој уништува сè…

June 4, 2026
ЗАБАВА

Ретрограден Сатурн почнува на 13 јули и ќе трае до крајот на ноември

Сатурн, планетата на кармата, дисциплината и лекциите што ги учиме низ животот, влезе во знакот Риби на 29 март 2025…

July 13, 2025
ЗАБАВА

(ФОТО) Бастијан ја остави Ана за новинарка

Бастијан Швајнштајнгер не се одвојува од новинарката Естер Седлачек (40), па се пекулацира дека таа е причината за разводот од Ана Ивановиќ (37). Таа…

April 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?