Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се заканувал дека ќе ја убие неа, братот и мајка ѝ ако не му даде 15.000 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Се заканувал дека ќе ја убие неа, братот и мајка ѝ ако не му даде 15.000 евра
ХРОНИКА

Се заканувал дека ќе ја убие неа, братот и мајка ѝ ако не му даде 15.000 евра

Објавено September 28, 2025 09:55
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека во последните 2 месеца вршело кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, телефонски и преку пораки на различни апликации упорно контактирал жена во странство, и упатувал сериозни закани по нејзиниот и по животот на нејзините мајка и брат, доколку не му исплати 15.000 евра.

На оштетената и дал рок до 26.09 за исплата на парите, па се договориле да му испрати 500 евра по Вестерн унион, што таа го направила на 17 септември. За исплата на дополнителни 4.500 евра требало да дојде во земјава и да му ги предаде пред Клиниката за онкологија.

Кога пристигнала во земјава на 25 септември оштетената веднаш го пријавила. Штом дошол на договореното место да ги земе парите, осомничениот 37-годишник бил приведен.

Имајќи ги предвид сите околности, опасноста од бегство, можноста да влијае врз сведоците и оштетените или да го повтори делото, јавниот обвинител предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор, соопшти Обвинителството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 18- годишната внука на Трамп почна свој бизнис- продава маици за 120 евра (ВИДЕО)
Следна Статија Ѓорѓев: Скопје е опасно место за живеење поради загадениот воздух

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Детали за акцијата на Финансиска полиција: Уапсени 7 лица за даночни измами и перење пари, го оштетиле буџетот за 430 милиони денари

По двегодишна опсежна предистражна постапка, во текот на денешниот, Управата за финансиска полиција спроведе акција во која беа извршени претреси…

August 25, 2025
ХРОНИКА

Жена украла туѓа картичка и трошела од парите по казина

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.М.(41) од Куманово, поради оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем. „На 5 март…

May 1, 2025
ХРОНИКА

Пожар во Козле, изгореа куќа и помошна просторија

Пожар избувна ноќеска околу десет минути до два часот на улицата „Јуриј Гагарин“ во скопската населба Козле. Во пожарот е…

September 23, 2025
ХРОНИКА

Масовна тепачка во Ѓорче, нападната и малолетничка која имала здравствени проблеми

На 16.12.2024 во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров бил нарушен јавниот ред…

December 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?