Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Виз ер отвори уште една нова авиолинија од скопскиот аеродром – Штутгарт
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Виз ер отвори уште една нова авиолинија од скопскиот аеродром – Штутгарт
ЕКОНОМИЈА

Виз ер отвори уште една нова авиолинија од скопскиот аеродром – Штутгарт

Објавено September 29, 2025 11:03
Сподели
Сподели

Со првиот лет што полета денеска, понеделник, 29 септември, во 6:25 часот наутро, од Меѓународниот Аеродром Скопјe до Штутгарт, Виз ер отвори уште една нова авиолинија и дестинација од главниот град на Македонија до Германија, соопшти ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата ADP.

„Во соработка со Виз Ер и Владата, како ТАВ Аеродроми горди сме што ќе можеме да ги опслужуваме патниците на оваа нова редовна авионска линија од Скопјe до Штутгарт. Редовните летови меѓу двата града ќе ги задоволат потребите на нашите граѓани, бизнисмени и дијаспората. Ќе продолжиме да инвестираме во модернизација и подобрување на аеродромските услуги, нудејќи висококвалитетно корисничко искуство на сите патници и промовирајќи ја земјата како атрактивна дестинација и транзитен центар во регионот“, изјави Неџат Курт, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Авиокомпанијата ќе лета од Скопјe до Штутгарт 3 пати неделно, секој понеделник, среда и петок. Во текот на летниот распоред на летови на аеродромот во Скопјe, односно до 24 октомври, времето на полетување од Меѓународниот Аеродром Скопјe во понеделник и петок е 06:25 часот, додека времето на пристигнување во Штутгарт е 11:10 часот по локално време. Во среда, патниците ќе полетуваат во 06:30 часот, а ќе слетуваат во 11:10 часот по локално време.

Во зимската сезона, патувањата ќе се одвиваат во понеделник, среда и петок, но сите летови со исти времиња на полетување и следување, односно 06:30 часот со 11:30 часот по локално време.

Со додавањето на Штутгарт на мапата на рути на Меѓународниот Аеродром Скопјe, Виз ер има вкупно 9 рути до 9 градови во Германија: Штутгарт, Берлин, Дортмунд, Баден-Баден, Фридрихсхафен, Хамбург, Франкфурт-Хан, Минхен-Меминген и Нирнберг

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вучиќ: Успеавме да ги одложиме санкциите на САД врз српската нафтена индустрија
Следна Статија МАКЕДОНИЈА НА ШЕСТО МЕСТО ПО РАСТ НА ПЛАТИТЕ ВО ЕВРОПА За една година платите пораснаа за10,5%

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Владата ќе зема заем од ЕБРД за обнова на возниот парк во железницата

Во Владата денеска ќе биде потпишан договор за заем со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) за обнова на…

December 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

М-НАВ: Претседателот на ССКЛ, Тасевски призна дека штрајкот што го најави е незаконски

М-НАВ АД Скопје денеска преку соопштение повтори дека Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛ, евентуалното организирање на штрајк како…

October 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Не смее сметките да се зголемени заради нередовно читање на броилата, државата има механизам како да се заштити и ќе се заштити, вели Мицкоски

Упатив многу јасна порака кон ЕВН дека не смее да се случува сметките за потрошена електрична енергија на граѓаните да…

March 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ребалансот на буџетот на владина седница најверојатно во четврток

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриоска Кочоска.…

June 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?