Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МАКЕДОНИЈА НА ШЕСТО МЕСТО ПО РАСТ НА ПЛАТИТЕ ВО ЕВРОПА За една година платите пораснаа за10,5%
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > МАКЕДОНИЈА НА ШЕСТО МЕСТО ПО РАСТ НА ПЛАТИТЕ ВО ЕВРОПА За една година платите пораснаа за10,5%
ЕКОНОМИЈА

МАКЕДОНИЈА НА ШЕСТО МЕСТО ПО РАСТ НА ПЛАТИТЕ ВО ЕВРОПА За една година платите пораснаа за10,5%

Објавено September 29, 2025 11:05
Сподели
Сподели

Недостигот на работна сила и притисокот на инфлацијата ги натера македонските компании значително да ги зголемат платите на своите вработени, со што Македонија се најде меѓу топ земјите во Европа според растот на просечната нето-плата во последната година, пишува Пари .

Официјалната статистика измери дека просечната нето-плата во земјава во јули годинава е повисока за 10,5% споредено со јули минатата година, а изнесува 45.276 денари.

Во некои сектори, како на пример во административните и помошните услужни дејности, платите се зголемени за дури 16,5%, во образованието за 15,0 %, а во здравството и социјалната заштита за 14,8%.

Со овие бројки Македонија се најде високо на ранг-листата на европските земји, дури и во конкуренција на земјите членки на ЕУ. Споредено со државите од ЕУ, плус Албанија и Федерацијата БиХ, Македонија е на високото 6. место.

Во јули, Евростат измери најголем раст на просечната плата во Бугарија, од 13,4%. Следува Унгарија со 11,0%. Веднаш зад овие две земји членки на ЕУ е Македонија, со раст на просечната плата од 10,5%.

Во Регионот, најголем раст на платите е измерен во Федерацијата БиХ, каде изнесува 12,3%. Потоа доаѓа Албанија, со раст на просечната плата од 11,7%. За Србија сè уште нема податок за јули, а во јуни платите беа зголемени за 11,8% за една година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Виз ер отвори уште една нова авиолинија од скопскиот аеродром – Штутгарт
Следна Статија Две лица од Трубарево фатени како палат кабли во Аеродром

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Прометот на маркетите по вчерашниот бојкот намален за 22 проценти

Управата за јавни приходи (УЈП), согласно интересот на јавноста, во рамки на своите овластувања ги доставува последните податоци од системот…

February 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Петрова: Континуирано тече исплатата на парите за МојДДВ и за поврат на ДДВ за компаниите

Исплатата на парите од услугата МојДДВ и за поврат на ДДВ за компаниите тече континуирано, порача денска директорката на Управата…

February 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ќе се намалат ли цените: Трет мобилен оператор официјално се очекува на почетокот на 2026

Неквалитетна услуга, измени на услови од претплатнички договор, висока сметка и раскинување на договор со наплата на казнени пенали, се…

December 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Дизелот поскапува за половина денар

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се зголемуваат за…

September 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?