Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Водно ќе блеска и по мрак: Лабудовиќ и Котевски го промовираа проектот „Сјајна Патека“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Водно ќе блеска и по мрак: Лабудовиќ и Котевски го промовираа проектот „Сјајна Патека“
ПОЛИТИКА

Водно ќе блеска и по мрак: Лабудовиќ и Котевски го промовираа проектот „Сјајна Патека“

Објавено September 30, 2025 14:30
Сподели
Сподели

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, заедно со генералот Горанчо Котевски, носител на советничката листа за Град Скопје на движењето, денес го промовираа проектот „Сјајна Патека“ во Дебар Маало, иницијатива од младите активисти и љубители на Водно од Скопје.

„Младите се движечка сила на градот. Наша обврска е да создадеме услови каде тие ќе можат да се движат слободно, безбедно и инспирирано. “Сјајна Патека”е токму за нив, за иднината што мора да се осветли.“ – истакна Лабудовиќ.

Во своето обраќање, тој ја потенцираше итната потреба за уредување на пешачките патеки на Водно, со современо и еколошко осветлување, кое ќе го продолжи и зајакне користењето на ова подрачје дури и по зајдисонце.

„Водно не смее да згасне штом зајде сонцето. “Сјајна Патека” не е само инфраструктурен проект, туку визија за град што се грижи за младите, за спортистите, за семејствата, за секој граѓанин. Ова е проект со кој покажуваме дека знаеме да слушаме и знаеме да делуваме.“ – додаде тој.

Лабудовиќ посочи дека недостатокот на осветлување претставува сериозен урбан предизвик кој директно влијае врз безбедноста, достапноста и квалитетот на јавниот простор:

„Луѓето го избегнуваат Водно по мрак. Тоа е изгубена можност за рекреација, за здрава навика, за споделено време со најблиските. Со овој проект сакаме да им го вратиме Водно на граѓаните, осветлено, безбедно и достапно.“

Проектот предвидува инсталирање на енергетски ефикасни, автоматизирани светилки кои се прилагодуваат на природната средина, без да ја нарушат екосистемската рамнотежа на парк-шумата.

На настанот, генералот Котевски ја истакна важноста на проектот како и неговата заложба за создавање безбедни и инспирирани простори за граѓаните, нагласувајќи дека овој проект е симбол на нов, поодговорен пристап кон урбаното планирање и практична грижа за јавниот интерес.

Овој проект е резултат на двете кампањи на Движењето ЗНАМ, кој произлезе како директен одговор на идеите, иницијативите и предлозите на граѓаните, особено од младинската иницијатива на ЗНАМ.

„Сјајна Патека“ претставува пример како ЗНАМ ги претвора граѓанските предлози во реални решенија и е дел од официјалната програма на советничката листа за Град Скопје за претстојните локални избори.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Ако се оди како што треба во 2031, 2032 година треба да може да се патува со воз од Скопје до Бургас
Следна Статија Алимпијевиќ е новиот селектор на Србија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

(Видео) Ристески од ВМРО-ДПМНЕ како студент имал патриотски нагон и затоа станал член на СДСМ

Во најавената епизода на „На кавга со Иван“, новинарот Иван Мирчевски го праша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, дали во…

June 17, 2025
ПОЛИТИКА

Изборниот законик блокиран – рокот истекува во среда

Политичката партија Левица реагираше на одлуката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија да не учествува на координативната средба на опозициските партии,…

July 13, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски: За некои опозициски политичари допрва доаѓаат проблемите поврзани со големи злоупотреби правени во минатото

Имам чувство дека за некои опозициски политичари допрва доаѓаат проблемите кои се поврзани со големи злоупотреби правени во минатото, рече…

November 9, 2024
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Загрижени сме за здравјето на Филипче – скроз забега

ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираше на изјавите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, изнесени на прес-конференција, обвинувајќи го дека „поставува прашања за…

December 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?