Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Голема победа на Ѓорческа против поранешната тенисерка број еден Плишкова
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Голема победа на Ѓорческа против поранешната тенисерка број еден Плишкова
СПОРТ

Голема победа на Ѓорческа против поранешната тенисерка број еден Плишкова

Објавено October 1, 2025 17:40
Сподели
Сподели

Голема победа на стартот од силниот ВТА турнир W125 Самсун Опен оствари македонската тенисерка Лина Ѓорческа. Таа во мечот од првото коло денеска ја надигра поранешната тенисерка број 1 на светот Каролина Плишкова од Чешка со 2-0 во сетови (6:4 и 6:3) за 75 минути игра.

Плишкова во кариерата осум недели беше на чело на ВТА ранг-листата, а има и два финални меча на Грен слем турнирите (Вимблдон и УС опен).

Македонската тенисерка со сигурна игра во текот на целиот меч заслужено ја запиша највредната победата во кариерата.

Во првиот сет Плишкова направи брејк за водство од 2:1 во гемови, а по 4:2 за тенисерката од Чешка, Ѓорческа имаше серија од четири гема со два брејка за да го добие сетот со 6:4 во гемови. Во вториот сет единствениот брејк во четвртиот гем го направи Лина кога по 14 одиграни поени поведе со 3:1 во гемови и предноста од брејк ја зачува до крајот на сетот за 6:3 во гемови и конечни 2:0 во сетови.

Следна противничка во втортата рунда на македонската тенисерка ќе и биде Софија Костулас од Белгија, која денеска ја победи Вероника Фалковска од Полска со 2:0 во сетови (76(1) 6:4).

За Ѓорческа денеска останува уште еден меч. Во конкуренција на двојки со Чагла Бујукакчај од Турција треба да го завршат мечот од првото коло против словенечките тенисерки Далила Јакупович и Ника Радишич. Словенечкиот дубл води со 1-0 во сетови, а во вториот сет резултатот е 1:1 во гемови. Мечот почна во понеделникот и беше прекинат поради дожд.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Во Њујорк се урна дел од облакодер, се сомнева на експлозија поради гас
Следна Статија Меџити вети два нови булевари во Чаир

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Американските медиуми го распнаа Јокиќ откако изјави дека овој Божик не е негов

Кошаркарите на Денвер Нагетс беа поразени на Божиќната ноќ од Феникс Санс на гостински терен со резултат 110:100. На Нагетс…

December 26, 2024
СПОРТ

Ракометарот Дејан Манасков приведен во Охрид

Поранешниот македонски репрезентативец и член на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, синоќа беше приведен во полициска станица по натпреварот со Охрид…

December 15, 2025
СПОРТ

Анчелоти не го повика Винисиус во бразилската репрезентација

Карло Анчелоти, селекторот на Бразил, одлучи да се откаже од еден од своите најдобри фудбалери за септемврискиот циклус квалификации за…

August 19, 2025
СПОРТ

(Видео) Матурин херој од сенка – Индијана ја победи Оклахома

Кошаркарските Индијана Пејсерс го добија третиот натпревар од финалната серија на НБА против Индијана на домашен терен со 116:107 и…

June 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?