Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Странските лекари потребни во Германија: наскоро олеснување при вработување преку побрзо признавање на дипломит
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Странските лекари потребни во Германија: наскоро олеснување при вработување преку побрзо признавање на дипломит
СВЕТ

Странските лекари потребни во Германија: наскоро олеснување при вработување преку побрзо признавање на дипломит

Објавено October 1, 2025 19:33
Сподели
Сподели

Лекарите од странство, кои на Германија итно ѝ се потребни, наскоро, како што е планирано, ќе можат полесно да се вработат. Владата го усвои предлог-законот на министерката за здравство, Нина Варкен, кој треба да овозможи побрзо признавање на дипломите, пренесуваат медиумите во регионот.

За да се обезбеди здравствена заштита, покрај атрактивните услови за образование во Германија, потребни се и квалификувани експерти од странство, рече Варкен.

Постапките за тоа, додаде таа, треба да бидат униформни и дигитализирани.

Олеснувањата важат и за стоматолозите, фармацевтите, како и за акушерките, според министерството.

Варкен изјави дека побрзото признавање на дипломите не смее да биде на штета на високите стандарди за безбедност на пациентите и квалитетот на здравствената заштита.

Законот сè уште треба да биде одобрен од парламентот.

На крајот од минатата година имало 68.000 вработени странски лекари кои немаат германско државјанство, што е рекорд, според статистиката на Федералната лекарска комора.

Тоа е за 6,8 проценти повеќе отколку во 2023 година, анализираат медиумите.

Уделот на странски лекари се зголеми повеќе од двојно во последните 10 години. Вкупно, повеќе од 15 проценти од сите вработени лекари имаат странски пасоши, според написите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија УТРЕ СЕ ВКЛУЧУВА ПАРНОТО ВО СКОПЈЕ Ниските температури ја поместија грејната сезона
Следна Статија Вардар го совлада Еурофарм Пелистер во македонското ракометно дерби

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Започнува судењето на Саркози за наводниот пакт со Гадафи

Поранешниот француски претседател Никола Саркози, двапати осуден во одделни случаи откако ја напушти функцијата, ќе се соочи со ново судење…

January 6, 2025
СВЕТ

Најмалку 24 загинати во поплавите во Тексас, меѓу нив и деца

Најмалку 24 лица загинаа во поплавите предизвикани од поројните дождови што го зафатија Тексас, соопштија властите во оваа американска сојузна…

July 5, 2025
СВЕТ

Германската владејачка коалиција губи поддршка, АфД останува силна

Партиите во владејачката коалиција во Германија губат поддршка од јавноста само четири месеци по стапувањето на должност, покажува анкета што…

September 13, 2025
СВЕТ

Руската армија незапирливо напредува: паднаа уште две важни места на рутата Донецк

Руското Министерство за одбрана соопшти дека единиците на руската армија постигнале значителен напредок во Донецката Народна Република (ДНР). Офанзивните операции…

November 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?